Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ секојдневно добива се поголема и поголема поддршка. Македонски иселеници од неколку држави веќе ја дадоа својата поддршка, а последни во низата се Македонците од Италија, кои решија да кажат „НЕ“ за двојазичноста и дебати кои се вовед во промена на химната, знамето и грбот на Република Македонија.
Интегрално ви го пренесуваме соопштението на Македонците во Италија
Почитувани пријатели, добравечер!
Се собравме овде да изразиме солидарност и подршка на иницијативата ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА, над 150 илјади македонски граѓани се на улиците, во одбрана на татковината.
Некои не обвинуваат дека не можеме да учествуваме во решавањето на судбината на Република Македонија бидејќи не живееме таму:
Не е вистина, сите ние имаме семејства, пријатели, роднини и имот во Македонија. Коските на нашите дедовци и прадедовци се таму. И нашите коски ќе лежат во Македонија.
Порачуваме и да не се заборави клучната улога на македонската дијаспора и придонесот за создавањето на независна Р. Македонија.
Со обвинение дека се подржува политичка партија сакаат да ни протнат и наметнат туѓа и тоа постизборна платформа, Тиранска платформа создадена во Албанија и подржана од албанскиот Премиер. Велат дека нема ништо лошо во таа платформа, дека не се загрозува македонскиот јазик, македонското писмо, македонските државни симболи, македонскиот територијален интегритет и суверенитет, Уставот на Р. Македонија. Ако е така, зошто ја презентираа оваа платформа по изборите. Сигурно сите овде го знаете одговорот а тоа е дека граѓаните на Р. Македонија немаше да гласаат за нивната платформа.
Затоа сме овде: да го кажеме нашето големо НЕ за Тиранската платформа.
Деновиве има жестоки напади врз истакнати македонски личности само затоа што ја подржаа јавно иницијативата за зачувување на суверенитетот и интегритетот на Република Македонија. Нели ви изгледа смешно да се доведува во прашање кариерата на Калиопи, Кире Лазаров, Игор Дурловски, Ванчо Петрушевски и многу други само затоа што искажаа јавна подршка, само затоа што изразија љубов кон својата и наша татковина Р. Македонија.
За платениците на Сорос секој оној кој ја брани и сака Македонија е неписмен, криминалец, пијаница… Човек не смее веќе да си ја сака државата и својот народ, без да биде нападнат и оцрнет. Зарем грев е да се сака сопствената држава и сопствениот народ.
Искрено се надеваме дека грѓаните на Република Македонија, нашите браќа и сестри ќе издржат и нема да попуштат под притисоците за уривање на државноста на Р. Македонија.
Да живее нашата света земја, да живее Република Македонија!!!
Еден од Македонците кои беа на собирот даде поддршка за претседателот Иванов да не го даде мандатот на партија која ја прифатила платформата на албанските партии.
Им порачуваме оставете го македонскиот народ сам да си ја крои сегашноста и иднината, ако не му помагате, барем не му одмагајте. Не вршете притисок врз претседателот Иванов, да даде мандат за влада на губитници на избори. Прифаќаме формирање влада на победничката коалиција, без уцени и нереални барања. Даваме целосна поддршка на македонскиот народ, кој на улиците ширум земјата ја брани унитарноста на државата. Целосна поддршка за претседателот Иванов, да не подлегне на притисоците. Да е вечен македонскиот народ, да живее Македонија, изјави еден од Македонците во Италија.
На собирот на нашинците во Италија можеше да се слушнат патриотски песни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.