| четврток, 6 декември 2018 |

Едногласна порака од Кочани: Македонија да остане унитарна држава

Граѓаните на Кочани и вечерва во голем број учествуваа во протестениот марш низ улиците на градот давајќи и целосна поддршка на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.

Кочанци и вечерва се движеа по востановената маршрута од градскиот парк, низ улиците на градот долш кочанската река, низ трговскиот центар, се до градскиот парк.

Тие и вечерва беа едногласни во барањата Македонија да остане унитарна држава, да не се дозволи редефинирање на државата, како и целосно отфрлање на тиранската платформа.

На присутните на протестниот марш им се обрати Славица Цветкова, професор по македонски јазик и роднокраен автор, која ги потсети присутните во напорите да се сочува сопствениот македонски јазик и писмо и да не се дозволи воведување на албанскиот јазик за втор службен.

– Јазикот е наш македонски и таков ќе остане на територијата на целата наша држава, затоа да се бориме сплотени да го сочуваме македонскиот јазик како обележје на нашиот народ, нација и држава. Поезијата која ви ја презентирам вечерва е напишана на наш мајчин македонски јазик, додаде Цветкова.

И вечерашниот мирен протест на граѓаните на Кочани заврши пред споменикот на Никола Карев во градскиот парк со интонирање на државната химна.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top