| четврток, 6 декември 2018 |

Северина и Игор го чекаат своето прво заедничко дете: Пејачката откри дека во август повторно ке стане мајка

Една од многубројните желби на Северина и Игор Којиќ наскоро ќе се исполни, а тоа е да имаат заедничко дете. Имено, пејачката за јавноста откри дека била во трети месец од бременоста и дека во август повторно ќе стане мајка.

Таа веќе го има пет годишниот син од претходниот брак, додека за Игор ова ќе биде прво негово дете. Севе и Игор се венчаа во ноември 2015 година.

Оваа вест дојде истовремено со веста за новата песна на пејачката „Otrove“, која ја промовираше денес токму на пладне.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top