| четврток, 6 декември 2018 |

Хуман гест на „Трите лава“: Малиот Бредли и Дефо ја предводеа Англија на „Вембли“ (ФОТО)

Голем гест на Џермејн Дефо и „Трите лава“ пред денешниот дуел со Литванија, напаѓачот на теренот излезе со 5 годишниот Бредли кој боледува од фатална форма на рак.

Џермејн Дефо по три и пол години се врати во дресот на Англија, и за маскота го одбра својот најдобар пријател, петгодишниот фан на Сандерленд, Бредли.

Малото момче боледува од ретка и фатална форма на рак, па неговото семејство се обидува Бредли да искуси што е можно повеќе среќни спомени.

И покрај тоа што капитените се тие кои ги предводат играчите на терен, „Трите Лава“ денеска направија исклучок и први на „Вембли“ зачекорија Дефо и Бредли, потег кој ја воодушеви цела Британија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top