| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе го поддржиме Заев за спас на Македонија: Ако помине концептот што го прифати Заев, ќе дојде до федерализација на Македонија

Се уште е актуелна нашата нашата понуда до Заев за поддрѓка на малцинската влада само за да не дојде до спроведување на Тиранската плаформа, а нашата цел е да ја спасиме дражавата, повтори Илија Димовски вечерва во ТВ-интервју за ТВ Сител. Ккао гостин во Дневникот, тој зборуваше за актуелната ситуација, за целата на Тиранската платформа и факурите кои сега ги испорачува Заев.

Ние даваме поддршка за неспроведување на Тиранската платформа. Заев по секоај цена сака да стане власт, да додје на позиција. Има полесен начин, без да мора да ги испорачува фактурите кои сега му стигнуваат од сите страни. Ние ова не го правиме затоа што мислиме дека Зоран Заев ќе биде добар премиер, но го правиме во оваа фаза од развојот на Македонија за да ја заштитиме од постапки кои се нереверзибилни, кои се неповратни. Ако еднаш се донесе закон за јазици којшто ќе го наруши мултикултурниот карактер на нашето општество, унитарниот карактер на нашата држава, тој закон веќе никогаш нема да може да се врати назад. 

Димовски потсети на Законот за територијалната поделба што го донесе СДСМ во 2004 година со ветување мед и млеко. Иако СДСМ ветуваше дека многу работи ќе се подобрат и дека многу врати ќе ни се отворат, за жал, со тој закон граѓаните иако беа трпеливи, не само што не видоа ништо подобро, туку е нереално да се очекува луѓето да веруваат дека ова не е толку опасна ситуација.

Ако помине овој концепт, оваа држава нема да биде мултинационална, туку бинационална држава, во која бинационално ќе се одлучува. Тоа ќе значи, условно кажано, нетериторијална федерализација. Не знам што би можеле да очекуваме по 4 или 8 години ако сега не ставиме точка на ваквите барања. Денеска е нетериторијална федерализација, по 4 или 8 години ќе се соочиме со исти вакви условувања кои ќе значат и територијализација на системот којшто веќе ќе биде воспоставен како федеративен начин на одлучување во РМ. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top