На вчерашниот состанок на Извршниот комитет на Европската ракометна федерација се одредија државите кои во 2018 година ќе бидат домаќини на европските шампионати, при што нашата држава повторно доби организација, овој пат за ЕП за ракометари до 20 години.
Одличната организација на претходните големи ракометни настани во нашата земја беше клучниот фактор што и во 2018 година Македонија ќе биде домаќин на уште едно европско првенство во младите категории.
Македонија и оваа година ќе биде организатор на едно ракометно првенство, во кое ќе се натпреваруваат ракометарки на возраст до 17 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.