| четврток, 6 декември 2018 |

Хит- рецепт: Две состојки кои ги топат мастите

Поради брзиот начин на живот, лошата исхрана и недостатокот на физичка активност – зголемените маснотии во крвта се болест на денешницата.

Понекогаш кај покачените масти може да се забележат наслаги од масно ткиво со жолта боја во вид на плочка или јазол на горните очни капаци или на некои други делови од телото.

Со напредување на болеста доаѓа до задебелување на ѕидовите на артериите, за што допринесуваат и други фактори на ризик (како пушењето, алкохолот, никотинот), а последица од сето тоа, за жал, најчесто се кардиоваскуларните болести кои се една од водечките причини за смртност во светот.

Доколку имате покачено ниво на маснотии во крвта, ви го препорачуваме овој лек, бидејќи им помогнал на многумина.

Потребни состојки: суви смокви и јаболков оцет

smokva-1374431130-8330

Лекот направете го навечер, а пијте го наутро. Земете три суви смокви добро избоцкајте ги со чепкалка за заби од сите страни, а потоа ставете ги во стаклен сад во кој сте ставиле два децилитри јаболков оцет.

Нека стои преку ноќ и наутро изедете ги трите скиселени смокви. Остатокот од оцетот немојте да го фрлате, туку во тој истиот оцет наредната ноќ повторно ставете три смокви подготвени на ист начин.

Тие два децилитри оцет користете ги седум дена, поголемиот дел ќе го впијат смоквите. Осмиот ден земете нови два децилитри оцет и постапката повторете ја уште една недела. Значи, една тура на лекување трае 14 дена. После половина месец лекување, повторете ги испитувањата и уверете се во ефикасноста на лекот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top