| четврток, 6 декември 2018 |

Ангеловски: Многу значајна победа за нашата држава, продолжуваме да ја подмладуваме репрезентацијата

angelovski

Селекторот на македонската репрезентација Игор Ангеловски по победата од 0-3 во Вадуц беше пресреќен и истакна дека и од играта и од резултатот е презадоволен.

– Честитки за фудбалерите, имаат огромен квалитет и заслужено победивме. Реков и кога дојдовме дека од играта бев задоволен и на претходните мечеви, а денес сум компетно задоволен и одо играта и од резултатот. Очејкува победа, не ми беше значајно убедлива или не, уште посреќен сум што е со три гола разлила. Жалам што имаме само три бода, нио мора да мислиме и на иднината. Против Албанија играме во Скопје и верувам дека можеме да ги стигнеме. Денеска настапивме со пет фудбалери од младата репрезентација, со што продолжува тоа што го ветив, а тоа е подмладување. Горан Пандев требаше да го шутира пеналот, но ја покажа големината и му даде можност на Несторовски да даде хет-трик. Штета што тој тоа не го искористи. Сакам да им се заблагодарам на сите наши навивачи кои дојдоа и безрезервно ни дадоа поддршка. Сега ни растат амбициите, го оставивме последното место на табелата и верувам дека можеме уште погоре – заврши Ангеловски.

Следниот натпревар нашата селекција ќе го игра на 10 јули во Скопје против Шпанија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top