Вечерва во Македонска опера и балет ќе се одигра премиеарата на мјузиклот „Тајно моја“.
По вечерашнава изведба, мјузиклот ќе се изведе и в недела и во вторник на 28 март. Сите претстави почнуваат во 20 часот.
-Вечерашната изведба е веќе распродадена, додека за претставите в недела и во вторник во продажба се останати уште многу малку билети – велат од МОБ.
Антонија Гиговска во улогата на Ана и Дениз Димоски во улогата на Филип, во изминатите два месеца, колку што траеја подготовките за мјузиклот, добија голема помош од актерите Весна Петрушевска, Игор Џамбазов (кои ги толкуваат улогите на таткото и на мајката на Ана), потоа Дејан Лилиќ и Арна Шијак (таткото и мајката на Филип), Лазе Манасков, но и од режисерот на претставата Тони Михајловски.
фото: Сашо Алушевски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Хуманитарна изведба на мјузиклот „Тајно моја“ на Мајски оперски вечери
-
Балканска турнеја на мјузиклот „Тајно моја“ и две хуманитарни изведби на „Мајски оперски вечери“
-
Арна Шијак за мјузиклот „Тајно моја“: Љубовта, посветеноста и радоста, секогаш треба да горат со истиот пламен, како кога се запалиле!
-
Џамбазов за мјузиклот „Тајно моја“: Тоше би бил пресреќен кога би можел да го види овој мјузикл