Клаудио Раниери, поранешниот менаџер на Лестер Сити в понеделник ќе ја добие специјалната награда „Златна клупа“.
Оваа награда ја доделува Фудбалската федерација на Италија, а на церемонијата, која ќе се одржи во Фиренца, ќе бидат доделени и признанија за најдобри тренери во првите три лиги на Италија.
Раниери минатата сезона со „лисиците“ стигна до историскиот трофеј во Премиер лигата, но девет месеци подоцна поради лоши резултати доби отказно решение.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.