Уште пред неколку денови екипата на Челзи и официјално е нов шампион на Премиер лигата, а големиот успех на Антонио Конте кој до овој пехар стигна во дебитантската сезона беше пофален од голем број на фудбалски работници, меѓу кои се најде и претходниот шампион, Клаудио Раниери.
– Сите знаме колку е тешко да триумфираш во Премиер лигата, но Конте знаеше како да ги состави коцките и во својата прва сезона во Челзи да стигне до титулата во ова натпреварување. Навистина сум горд на овој успех на Антонио. Титулата остана во рацете на Италијанец, што е само потврда колку добри се италијанските стручњаци – изјави Раниери.
Конте на клупата на „сините“ го замени Жозе Мурињо, кој минатата сезона како бранител на титулата имаше очајна сезона и пред крајот на истата доби отказ од Роман Абрамович.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.