| четврток, 6 декември 2018 |

Документ за зачувување на Македонија

По­ли­тич­ка­та кри­за има нов пра­вец по на­мет­ну­ва­ње­то на ти­ран­ска­та пла­тфор­ма, а ан­ке­ти­те по­ка­жу­ва­ат го­лем рас­че­кор од тоа што е ос­но­ва за акту­ел­но­то пар­ла­мен­тар­но мно­зинс­тво и не­сог­ла­су­ва­ње­то на јав­но­ста со неа. Но­ви­те по­дел­би во оп­штес­тво­то на­мет­ну­ва­ат по­тре­ба од за­ед­нич­ки до­ку­мент со кој не са­мо што ќе се отфр­лат акту­ел­ни­те ус­ло­ву­ва­ња и стран­ски ин­тер­вен­ции ту­ку тој ќе зна­чи и ви­стин­ска за­лож­ба за за­чу­ву­ва­ње на су­ве­ре­ни­те­тот и иден­ти­те­тот на ма­ке­дон­ска­та др­жа­ва

Два ме­се­ци по ини­ци­ја­ти­ва­та, не­ма ни­ка­ков при­вид де­ка би мо­же­ло пре­ку ноќ, во екот на по­стиз­бор­на­та кри­за, по­ли­тич­ки­те пар­тии да се сог­ла­сат за еден до­ку­мент кој би прет­ста­ву­вал ма­ке­дон­ска пла­тфор­ма. Во ме­ѓу­вре­ме е сѐ по­и­зра­зе­на по­тре­ба­та во оп­штес­тво­то од неа.

Пос­лед­но­то истра­жу­ва­ње на јав­но­то мис­ле­ње по­ка­жа огром­на раз­ли­ка ме­ѓу она што е вол­ја на гра­ѓа­ни­те и тоа за што се за­ла­га­ат се­га ве­ќе по­го­лем број од пра­те­ни­ци­те. Ан­ке­ти­те по­ка­жаа де­ка по­ве­ќе од 80 про­цен­ти од гра­ѓа­ни­те се спро­тив­ста­ву­ва­ат на ре­а­ли­за­ци­ја­та на ти­ран­ска­та пла­тфор­ма, до­де­ка, од дру­га стра­на, за 67 од 120 пра­те­нич­ки гла­со­ви таа е при­фат­ли­ва уште пред пр­ва­та со­бра­ни­ска сед­ни­ца, иа­ко за неа не­ма­ат ман­дат од гра­ѓа­ни­те. Оваа со­стој­ба не мо­же, ни­ту тре­ба, да се доз­во­ли да се по­вто­ри. Иа­ко на Хан и на дру­ги­те стран­ски дип­ло­ма­ти им пре­чат во спро­ве­ду­ва­ње­то на аген­да­та, про­те­сти­те по­ра­ди ти­ран­ска­та пла­тфор­ма со ба­ра­ње за но­ви из­бо­ри на­и­ду­ва­ат на одо­бру­ва­ње на огро­мен про­цент Ма­ке­дон­ци и на ре­чи­си ед­на пет­ти­на од ма­ке­дон­ски­те Ал­бан­ци, што го по­ка­жу­ва и ви­стин­ски­от рас­че­кор ме­ѓу акту­ел­ни­от со­бра­ни­ски со­став и гра­ѓа­ни­те на кои се од­не­су­ва­ат за­кон­ски­те ре­ше­ни­ја. Иде­ја­та за ма­ке­дон­ска пла­тфор­ма не е но­ва и таа се наг­ла­су­ва­ла во раз­лич­ни при­го­ди – од стра­те­ги­ја за евро­ат­лант­ска­ ин­те­гра­ци­ја до пов­ле­ку­ва­ње­то на цр­ве­ни­те ли­нии во пре­го­во­ри­те со Гр­ци­ја. Пред два ме­се­ци апел за пла­тфор­ма бе­ше упа­тен од Со­ци­ја­ли­стич­ка­та пар­ти­ја до си­те по­ли­тич­ки пар­тии. То­гаш бе­ше наг­ла­се­но де­ка се­га не ста­ну­ва збор са­мо за „цр­ве­ни­те ли­нии“ во од­нос на грч­ко­то не­ги­ра­ње или, пак, са­мо ка­ко од­го­вор на се­ал­бан­ска­та пла­тфор­ма. Си­ту­а­ци­ја­та по кри­за­та, из­бор­ни­от ин­же­не­ринг и ти­ран­ско­то ус­ло­ву­ва­ње се тол­ку се­ри­оз­ни што би би­ло не­ло­гич­но отфр­ла­ње на по­тре­ба­та од по­сто­е­ње еден та­ков до­ку­мент, по­со­чи­ја от­та­му.

ВМРО-ДПМНЕ не­о­дам­на, пак, нај­а­ви до­ку­мент кој се оче­ку­ва да ги обе­ди­ни си­те. Тој, спо­ред нај­а­ви­те, со­др­жи и не­кои кра­тко­роч­ни це­ли, пра­ша­ња и ре­ше­ни­ја по­вр­за­ни со акту­ел­на­та кри­за, но адре­си­ра и по­дол­го­роч­ни це­ли и пра­ша­ња кои би тре­ба­ло на по­долг рок да пре­ве­ни­ра­ат по­вто­ру­ва­ње на ва­ква си­ту­а­ци­ја. До­ку­мен­тот бе­ше нај­а­вен од ли­де­рот Ни­ко­ла Гру­ев­ски.

– Ние под­го­тву­ва­ме и до­ку­мент за за­чу­ву­ва­ње на Ма­ке­до­ни­ја, тоа е по­ли­тич­ки до­ку­мент кој ќе по­ну­ди на­чин за из­ле­гу­ва­ње од кри­за­та, пре­ку не­го­во при­фа­ќа­ње ќе се из­ле­зе од кри­за­та, но не­ма да се на­ру­ши уни­тар­но­ста на др­жа­ва­та – по­со­чи Гру­ев­ски на­ве­сту­вај­ќи де­ка на­ско­ро ќе би­де по­ну­ден на усво­ју­ва­ње на си­те по­го­ле­ми пар­тии.

Но, упа­те­ни­те по­со­чу­ва­ат де­ка се ма­ли шан­си­те овој до­ку­мент се­га да би­де ста­вен на ма­са и да би­де лес­но­при­фа­тен од по­ли­тич­ки­те опо­нен­ти, од со­ци­јал­де­мо­кра­ти­те, осо­бе­но што се­га, ка­ко за­лож­ни­ци на ти­ран­ска­та пла­тфор­ма, нив­ни­те ин­те­ре­си се спро­тив­ни на ста­вот на гра­ѓа­ни­те што се­ко­ја ве­чер ба­ра­ат отфр­ла­ње на пла­тфор­ма­та ко­ја во­ди кон раз­не­би­ту­ва­ње на др­жа­ва­та и но­ви из­бо­ри.

За­се­га са­мо мо­же да се на­се­тат де­ло­ви од точ­ки­те во до­ку­мен­тот кој е под­го­твен од ВМРО-ДПМНЕ, а кои би се од­не­су­ва­ле на дол­го­роч­ни це­ли и пра­ша­ња кои би до­ве­ле до не­мож­ност за по­вто­ру­ва­ње на кри­за­та. Ако се зе­ме пред­вид де­ка та­ков до­ку­мент во го­лем дел ќе би­де во сог­лас­ност на ста­во­ви­те иска­жа­ни од пар­ти­ски­от ли­дер, ка­ко и до ве­ќе иска­жа­ни­те по­ну­ди до со­ци­јал­де­мо­кра­ти­те, но и спо­ред пар­ти­ски­те со­оп­ште­ни­ја по сред­би­те со стран­ски­те дип­ло­ма­ти, мо­же да се за­бе­ле­жат кон­ту­ри­те на тоа што ќе со­др­жи тој до­ку­мент.

Не­од­мин­ли­во, ВМРО-ДПМНЕ ве­ро­јат­но ќе стои на ба­ра­ње­то за де­цид­но це­лос­но отфр­ла­ње и осу­да на ти­ран­ска­та пла­тфор­ма, ка­ко и ба­ра­ње за­ед­нич­ки став за спре­чу­ва­ње на мож­но­сти­те за ид­ни ди­рект­ни вме­шу­ва­ња и ус­ло­ву­ва­ња во вна­треш­но­по­ли­тич­ки­те про­це­си во Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја. Пред сѐ, тој до­ку­мент би бил об­вр­зу­вач­ки за си­те по­ли­тич­ки чи­ни­те­ли во ид­ни­на да за­ста­нат во по­чи­ту­ва­ње на Уста­вот на др­жа­ва­та, со об­вр­зу­ва­ње де­ка ќе би­дат од­би­е­ни си­те оби­ди за изи­гру­ва­ње на Уста­вот на на­чин на кој се­га, со ти­ран­ска­та пла­тфор­ма, се на­мет­ну­ва ре­ше­ние за дво­ја­зич­ност на це­ла­та те­ри­то­ри­ја. Се прет­по­ста­ву­ва де­ка тој до­ку­мент ќе со­др­жи и јас­ни на­со­ки со кои не са­мо што ќе се осу­дат, ту­ку и ќе за­ста­нат на ид­ни пла­но­ви за ре­де­фи­ни­ра­ње на др­жа­ва­та, кои би во­де­ле до крај­на­та цел – про­ме­на на неј­зи­но­то име и иден­ти­тет.

Со при­фа­ќа­ње на тој до­ку­мент, по­ли­тич­ки­те пар­тии би осу­ди­ле и би ста­ви­ле крај на ди­рект­но­то ме­ша­ње на над­во­реш­ни фа­кто­ри во соз­да­ва­ње кри­за во др­жа­ва­та, ка­ко не­при­фат­ли­ва би се оце­ни­ла уло­га­та и ме­ша­ње­то на стран­ски ам­ба­са­до­ри во вна­тре­по­ли­тич­ки про­це­си во Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја. Пред сѐ, би се ста­ви­ло крај на мож­но­ста за по­стиз­бор­ни пре­зен­ти­ра­ња на пла­тфор­ми кои ка­ко уце­ни би се на­мет­ну­ва­ле во кре­и­ра­ње­то на ид­но­то пар­ла­мен­тар­но мно­зинс­тво и власт.

Спо­ред си­те на­ста­пи од ВМРО-ДПМНЕ, до по­ли­тич­ки­те пар­тии ќе пред­ло­жат до­ку­мент кој би спре­чил ид­на мож­ност за по­втор­но мно­зинс­тво од ма­ке­дон­ски­от на­род не са­мо да би­де оста­ве­но во опо­зи­ци­ја, ту­ку и да му се од­зе­ме пра­во­то да учес­тву­ва во од­лу­чу­ва­ње­то за ид­ни­на­та на др­жа­ва­та, при­тоа по­чи­ту­вај­ќи го исто­то пра­во и на си­те дру­ги гра­ѓа­ни. При­о­ри­тет­но ме­сто во до­ку­мен­тот под­го­тву­ван од ВМРО-ДПМНЕ во таа на­со­ка, ве­ро­јат­но, ќе за­зе­ме и за­лож­ба­та за по­ли­тич­ка­та ста­бил­ност и еко­ном­ски­от на­пре­док, кои за­ви­сат од по­чи­ту­ва­ње­то на вол­ја­та на мно­зинс­тво­то од ма­ке­дон­ски­от на­род, на по­ли­тич­ка­та вол­ја на мно­зинс­тво­то од ма­ке­дон­ски­те гра­ѓа­ни, ко­ја тре­ба да би­де по­чи­ту­ва­на и во Пар­ла­мен­тот и во Вла­да­та и над­вор на ули­ци­те, се­ка­де ка­де што на­ро­дот има су­ве­ре­но пра­во да од­лу­чу­ва. Кон тоа би се до­да­ло и осу­да­та на до­се­гаш­на­та уло­га на над­во­реш­ни цен­три за уце­ни, при­ти­со­ци, за­молк­ну­ва­ње и за­ка­на кон по­ли­ти­ча­ри, но­ви­на­ри и ме­ди­у­ми, ка­ко и спре­чу­ва­ње за нив­но ид­но та­кво де­лу­ва­ње.

Во де­лот на нај­а­ве­ни­те кра­тко­роч­ни це­ли во тој до­ку­мент, од­нос­но ка­ко ре­ше­ни­ја за из­лез од кри­за­та, ве­ро­јат­но де­ка ќе би­дат по­вто­ре­ни две­те оп­ции кои по­дол­го вре­ме се акту­ел­ни ка­ко по­ну­да од ВМРО-ДПМНЕ до со­ци­јал­де­мо­кра­ти­те – под­др­шка за мал­цин­ска вла­да и до­го­вор за за­ед­нич­ки из­бо­ри – за­ед­но со ло­кал­ни­те да се спро­ве­дат и пар­ла­мен­тар­ни из­бо­ри. Тоа би­ло по­со­че­но и на сред­ба­та со евро­ко­ме­са­рот Јо­ха­нес Хан, ка­де што би­ло наг­ла­се­но де­ка при­о­ри­тет се ста­бил­но­ста и на­пре­до­кот на др­жа­ва­та, исто­вре­ме­но со по­чи­ту­ва­ње на вол­ја­та на мно­зинс­тво­то Гра­Ѓа­ни што гла­са­ле на из­бо­ри­те.

От­ту­ка во по­ну­да­та до си­те пар­тии би се по­вто­ри­ла по­ну­да­та за фор­ми­ра­ње со­ци­јал­де­мо­крат­ска вла­да ко­ја не­ма да би­де про­грам­ски уце­ну­ва­на со ту­ѓи пла­тфор­ми, за што ќе се ба­ра јав­но отка­жу­ва­ње и отфр­ла­ње за да мо­же ка­ко мал­цин­ска вла­да да се по­све­ти на про­е­кти кои гра­ѓа­ни­те ги гла­са­ле на из­бо­ри­те. При­тоа, ка­ко што ве­ќе по­со­чу­ва­ат од ВМРО-ДПМНЕ, не би се ба­ра­ло спо­де­лу­ва­ње на вла­ста или, пак, со­пи­ра­ње на ре­фор­ми­те кои про­из­ле­гу­ва­ат од пар­ти­ска­та из­бор­на про­гра­ма.

Вто­ро­то мож­но ре­ше­ние за из­лез од кри­за­та, а кое ка­ко кра­тко­роч­но ре­ше­ние ве­ро­јат­но е дел од до­ку­мен­тот, би се ба­ра­ло ор­га­ни­зи­ра­ње за­ед­нич­ки ло­кал­ни и пар­ла­мен­тар­ни из­бо­ри во след­ни­те не­кол­ку ме­се­ци. Кол­ку и да е тоа бол­но пра­ша­ње за со­ци­јал­де­мо­кра­ти­те, ло­кал­ни­те из­бо­ри не мо­же да се од­бег­нат. Ток­му за­ра­ди ло­кал­ни­те из­бо­ри, це­ла др­жа­ва ќе би­де во пре­диз­бор­на ат­мо­сфе­ра, ко­ја ќе оне­воз­мо­жи фо­ку­сот да би­де ста­вен на ре­форм­ски про­е­кти, а исто­вре­ме­но отво­ра мож­ност за над­ми­ну­ва­ње на акту­ел­на­та си­ту­а­ци­ја, ко­га по­сто­јат огро­мен број не­за­до­вол­ни гра­ѓа­ни од тоа што по­стиз­бор­но се на­мет­ну­ва ка­ко вла­ди­на про­гра­ма.

Спо­ред овие вид­ли­ви кон­ту­ри на до­ку­мен­тот, тој прет­ста­ву­ва до­бра ос­но­ва и на­со­ка за из­лез од кри­за­та без ни­ка­кво фа­во­ри­зи­ра­ње по по­ли­тич­ка или ет­нич­ка ос­но­ва. При­тоа но­ви­те по­дел­би во оп­штес­тво­то на­мет­ну­ва­ат по­тре­ба од та­ков за­ед­нич­ки до­ку­мент што ќе зна­чи и ви­стин­ска за­лож­ба за за­чу­ву­ва­ње на су­ве­ре­ни­те­тот и иден­ти­те­тот на ма­ке­дон­ска­та др­жа­ва. При­фа­ќа­ње­то та­ков до­ку­мент од си­те по­ли­тич­ки чи­ни­те­ли, на кра­јот на де­нот, се­пак, ќе зна­чи нат­пар­ти­ско ре­ше­ние кое ќе ја одра­зи ви­стин­ска­та по­ли­тич­ка зре­лост на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја.

Пишува: Наум Стоилковски
(Текст објавен во 238. број на неделникот „Република“, 24.3.2017)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top