| четврток, 6 декември 2018 |

Ана Адровска изложува во „Јавна соба“

„Време и простор и минувачите таму” е насловот на шестата самостојна изложба на Ана Андровска, која ќе биде отворена вечерва во Скопје.

Поставката е нова серија на масло помешано со восок на медиа пан,  малку поинаква техника која визуелно креира одлични ефекти. Се состои од големи формати на препознатливи секојдневни ситуации на скопските улици исцртани на  девет медиапан табли со димензија 185 х 109см.

– Гледам еден чичко со куче, еден облак и едно Сонце, едно девојче како вози велосипед… Замрзнати моменти на секојдневието. Време и простор, и минувачите таму. Минливост, а во него ние кои го раскажуваме значењето на нашето постоење. Ги исцртуваме нашите судбини, ги обликуваме нашите карактери, култура на живот.  Сè е така едноставно, таму во просторот и времето, пишува авторката Андорска.

Жарко Кујуџиски, ги обсервира делата од призма на гостин на овој свет, минувач во животот, во времето и во просторот.

– Нè има тука и таму, пред да нè снема. Но, сè додека постоиме, не смееме да стоиме. Нашиот живот треба да биде вечна потрага меѓу стварноста и фантазијата, меѓу постоењето и исчезнувањето. Само авантуристите што ќе тргнат на ова патување ќе го доживеат она исклучително задоволство на изненадувањето што се крие зад аголот каде што најмалку сме го очекувале,  смета Кујунџиски.

Изложбата на Андровска ќе биде отворена вечерва во 20:00 часот во мултиммедијалниот простор на Јавна соба

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top