| четврток, 6 декември 2018 |

Квитова почна да ја користи повредената рака, но рано е за враќање на терените

petra kvitova

Петра Квитова, некогашната победничка на Вимблдон постепено заздравува од повредата на нејзината лева рака, заради која мораше подолг период да отсуствува од тениските терени.

Искусната чешка тенисерка минатата есен се здоби со сериозна расекотина на својата лева дланка, откако се обиде да спречи грабеж во својата куќа.

– Заздравувањето ѝ оди по планот, но сè уште ништо не можам да кажам кога ќе се врати на терен. Петра сега без проблеми ја користи дланката за секојдневни активности, може да држи и рекет – изјави нејзиниот портпарол.

Поранешната втора тенисерка на светот моментално живее на Канарските Острови, каде се обидува да се рекуперира не само физички, туку и ментално поради претрпените трауми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top