Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне категорично потврди дека клубот ќе му понуди нов договор на Фернандо Торес. 33-годишниот фудбалер оваа сезона постигна 7 гола, а имаше и 3 асистенции на 31 одигран натпревар
– Секогаш бираме најдобро за клубот. Јас побарав Фернандо да дојде кај нас од Милан. Му се јавив и му реков да не се враќа како идол, туку како играч. Тој е светски шампион и идол во овој клуб. Недопирлив е, донесе 50.000 лица на стадион на денот на неговото претставување. Останува со нас и следната сезона – изјави Симеоне.
Торес до минатата сезона беше позајмен од Милан, а сега целосно е откупен договорот и „јорганџиите“ ќе му понудат соработка на уште една сезона со опција и за втора.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.