Скопска Апелација сѐ уште се нема произнесено за одлуката за притвор на сопственикот на ТВ „Нова“ Сеад Кочан, по вчерашната јавна седница. Во овие моменти пред судот се собраа колеги новинари и граѓани, претставници на бошњачката заедница, за да изразат поддршка за телевизијата.
Новинарите сметаат дека со одлуката за притвор на сопственикот на ТВ „Нова“ се прави притисок не само врз таа телевизија, туку и врз целокупното медиумско известување во Република Македонија.
Пред присутните пред Апелација се обратија претседателот на Здружението за културно обединување на Бошњаците во Р.М. „Аваз“, Зеќир Рамчиловиќ, и Нермина Чоровиќ, член на здружението. Тие одлуката за притвор на сопственикот на ТВ „Нова“ ја нарекоа селективна правда и нарачка од СДСМ со цел да се нанесе удар на еден од највидните членови на бошњачката заедница.
Новинарот и потпретседател на МАН, Цветин Чилиманов, истакна дека е крајно симптоматично што СЈО се интересира и бара притвор за лица кои се поврзани со медиумскиот простор во државава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.