| четврток, 6 декември 2018 |

Џудишал воч: Бејли да ја предаде својата преписка со Сорос

 

dzes-bejli

Американскиот амбасадор во Македонија, Џес Бејли, ќе мора да ги предаде своите електронски пораки, телефонски записи и други видови комуникација во текот на истрагата дека незаконски доделувал пари на организации поврзани со Џорџ Сорос во Македонија.

Американската организација „Џудишал воч“, која упати барање за истрага на злоупотребите во амбасадата во Македонија и во мисијата на УСАИД, бара да ѝ бидат доставени сите преписки на амбасадорот Бејли и други службеници во амбасадата со лица од фондацијата на Џорџ Сорос, кои би го покажале нивото на злоупотреби во распределбата на финансиската помош.

judicial watch1

„Со овој допис, Џудишал воч бара од Стејт департментот да ги обезбеди следниве материјали, согласно член 5 од Законот за пристап до податоци – сите записи во врска со грантови, договори, исплати и фондови од Стејт департментот до Фондацијата Отворено општество – Македонија и со која било подружница на оваа фондација. Ова ги вклучува сите барања за исплата на фондови, проценки, евалуации, одобрувања на исплати и други записи меѓу кој било функционер, службеник или претставник на Стејт департментот и на агенцијата за развој УСАИД“, пишува во барањето кое Џудишал воч го има испратено до Стејт департментот пред еден месец.

Џудишал воч е високо специјализирана организација за водење судски спорови против американските државни институции во ситуации кога овие се обидуваат да ги сокријат своите злоупотреби од јавноста. Тимовите адвокати на Џудишал воч ги тужеа американските државни институции за да го откријат списокот посетители на Белата куќа за да се утврдат средбите на претедателите со лобисти, да се објават информациите кои ќе укажат каде била Хилари Клинтон за време на нападот во Бенгази и беа вклучени во низа други случаи од висок профил во кои беа разоткриени државни злоупотреби.

judicial watch3

 

Во случајов, Џудишал воч се придружи на истрагата на група конгресмени и сенатори кои проверуваат како било можно безмалку сите средства определени за развој на демократија што биле доделувани од американската амбасада во Македонија и од УСАИД да завршат во џебовите на Владимир Милчин и Фондацијата на Џорџ Сорос.

Како државни службеници, вработените во амбасадата и во УСАИД се обврзани да ги чуваат преписките кои ги имале во врска со доделувањето на грантовите на Фондацијата на Сорос, и строго им е забрането да бришат или уништуваат пораки и писма кои би покажале злоупотреби.

judicial watch2

„Ова наше барање се однесува и на комуникациите испратени од или испратени до амбасадорот во Македонија Џес Бејли“, пишува во барањето на Џудишал воч. Во барањето детално се наведени организациите поврзани со Фондацијата Отворено општество – Македонија, кои ќе се испитуваат од страна на неколкуте најавени истраги. Меѓу нив е организацијата „Ист вест менаџмент“, која неодамна доби еден од најголемите грантови на УСАИД, вреден 9,5 милиони евра, да го имплементира во соработка со Фондацијата на Сорос, и која беше поврзувана со сопругата на албанскиот премиер Еди Рама, Делина Фицо.

Тука е и „Метаморфозис“, организацијата која води поголем број проекти поврзани со медиумите и се посочува за поврзаност со Фондацијата на Сорос. Во истрагата ќе бидат вклучени исплатите на грантови на медиуми, како што е „Плусинфо“ на Бранко Героски, познат по постојното плукање на сѐ што е македонско и по отстапување простор на налудничавиот напаѓач на Македонија, Бранко Тричковски.

Ќе се испитува и финансирањето на порталот Либертас поврзуван со Ацо Кабранов, агенцијата Мета, порталот А1он, веб-сајтот за истражувачко новинарство Призма, Окно, како и Центарот за развој на медиуми, кој е ангажиран за изработка на пренадуено негативните извештаи за слобода на медиумите во Македонија.

„Џудишал воч“ бара истрага и за финансирањето на организацијата „Цивил“, која се обидуваше да создаде негативна атмосфера за наводни нерегуларности на изборите.

Ќе се истражува и финансирањето на „Хера“, организација која работи на промовирање на левичарски ставови спротивни на семејните вредности. Десетина други организации, како Контрапункт, НВО Инфоцентар, Центрарот за граѓански комуникации, Реактор, Младиот образовен форум, Граѓани за европска Макеоднија, АДИ и низа други, исто така, ќе бидат испитувани. Документите ќе се испитуваат од 1 јануари 2015 година наваму.

Врз основа на овие собрани материјали, „Џудишал воч“ ќе дојде до заклучоци дали Амбасадата на САД во Македонија и УСАИД ги злоупотребувале парите на американските даночни обврзници.

Барањето доаѓа во време кога претседателот Доналд Трамп бара преполовување на фондовите за Стејт департментот и за УСАИД токму поради бројните слични информации за злоупотреби низ целиот свет, каде што УСАИД служел за кофинансирање на политичките активности на Сорос, промовирање левичарски политики и уривање конзервативни влади.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top