| четврток, 6 декември 2018 |

Хуманитарна трка за деца со Даунов синдром

По повод Светскиот ден на лицата со Даунов синдром во организација на мечувалечки клуб „Ескрим“ се организира третата по ред хуманитарна трка за деца со Даунов синдром в сабота, 18.03.2017, во 11 часот во Градски парк, пред Школка.

Трката е отворена за сите граѓани, но ќе учествуваат и децата со Даунов синдром и нивните семејства. Со овој настан се цели кон подигање на свеста за овие прекрасни личности, да се поттикнат и останатите спортски клубови да ги отворат вратите за децата со Даунов синдром, да ги вклучат во спортот и да им се обезбеди еднаков пристап до него како и за редовните деца.

Заинтересираните можат да се пријават на http://www.smartrace.club/ или 30 минути пред почетокот на трката. Средствата собрани од овој настан ќе бидат наменети за едногодишно бесплатно спортување на децата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top