По повод Светскиот ден на лицата со Даунов синдром во организација на мечувалечки клуб „Ескрим“ се организира третата по ред хуманитарна трка за деца со Даунов синдром в сабота, 18.03.2017, во 11 часот во Градски парк, пред Школка.
Трката е отворена за сите граѓани, но ќе учествуваат и децата со Даунов синдром и нивните семејства. Со овој настан се цели кон подигање на свеста за овие прекрасни личности, да се поттикнат и останатите спортски клубови да ги отворат вратите за децата со Даунов синдром, да ги вклучат во спортот и да им се обезбеди еднаков пристап до него како и за редовните деца.
Заинтересираните можат да се пријават на http://www.smartrace.club/ или 30 минути пред почетокот на трката. Средствата собрани од овој настан ќе бидат наменети за едногодишно бесплатно спортување на децата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


