Здружението Вилсон Македонија трета година по ред организира хуманитарна трка за поддршка на лицата со Вилсонова болест. Целта на оваа акција е да се подигне свеста на јавноста за оваа болест, да поттикне социјална вклученост на лицата кои се соочуваат со оваа болест, како и да поттикне што повеќе луѓе на рекреација и подобрување на нивната општа психофизичка состојба.
– По успешноста на првите две изданија на ‘Подај рака’, оваа година решивме концептот на настанот, покрај симболичната штафетка трка (како и детската трка), да го збогатиме со музички изведби и поставување на мал базар за рачно изработени производи – информираат од здружението.
– Горди сме што заедно со несебичната помош и подршка на хуманите луѓе и општествено-одговорните компании, кои ги поддржаа претходните изданија на ‘Подај рака’, успеавме во во 2015 да набавиме реагенси за рана детекција и следење на Вилсонова болест, а во 2016 да ја организираме првата регионална конференција за поврзување на пациенти и доктори од Македонија, Бугарија, Србија и Австрија – велат од здружението.
Оваа година, нивниот фокус е покревање на свеста на јавноста за неопходноста пациентите со ретки болести да станат видливи пред законот, што подразбира системски пристап и дефинирање на полититките и законските решенија за постојните проблеми, регулирање на нивните права и обезбедување на можности за правилно и квалитетно лекување.
– Со овој настан сакаме да им дадеме поддршка на сите лица кај кои најчесто како последица на ненавремена детекција, ретките болести оставиле непоправливи последици, како и да им оддадеме почит на оние кои прерано го изгубиле својот живот борејќи се со нив. Лицата со ретки болести имаат право да не бидат невидливи во општеството. Подај рака! – стои во повикот за трката на Вилсон Македонија.
Правила за учество на трката
Детска трка за деца до 12 години: бесплатно учество
Штафетна трка 4 х 1000 метри: регистрација 600 денари по тим (максимум четворица во тимот)
Пропозиции
Секој тим брои до 4 учесници и може да е мешан – машки и женски
Секој тим треба да измине 4 должини (кругови) од 1000 метри
Првиот натпреварувач од тимот на старт добива штафетна палка.
Со палката треба да измине 1 круг (1000 м.) и да ја предаде на следниот натпреварувач.
Последниот натпреварувач треба да ја донесе штфетната палка на целта
За учество во трката нема старосни ограничувања.
Секој учесник учествува на сопствена одговорност.
Заинтересираните кои не се во можност да трчаат, а сакаат да ја дадат поддршката, може да го изберат индивидуалниот пакет Маица + Активна поддршка по цена од 200 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.