| четврток, 6 декември 2018 |

Договорот од Пржино е добра основа за надминување на политичката криза во земјата

kol188-bejli-1

Договорот од Пржино останува добра основа за надминување на политичката криза во земјата. Одлуката за тоа треба да ја донесат граѓаните, односно политичките лидери во земјата, изјави американскиот амбасадор Џес Бејли.

– Имавме систем поставен од мај до јули 2015, кој предвидуваше кризата да се разреши со враќање во Собранието, со создавање услови за добри и фер избори, со справување со прашањето на неовластено прислушуваните разговори, како тие настанале и што откриваат, и потоа да продолжиме со реформските приоритети. Сметам дека тоа останува добра основа за да одиме напред. Ако ги погледнете овие елементи, мислам дека може да видите начин како да одиме напред. Ние остануваме пријатели и партнери на Македонија. Сакаме да помогнеме во тој процес, но на крај, сите вие, граѓаните, лидерите, ги правите демократските институциите функционални , рече Бејли.

Американскиот амбасадор повтори дека САД очекуваат претседателот Иванов да ја преиспита неговата одлука – да не му го додели мандатот за формирање влада на претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top