Го разбирам Бејли што се обиде по сослушувањата да пласира во Македонија лажна вест, порака од Стејт департментот. Така функционира очајник. Се надева дека може да избега од пишаното, пишува Мирка Велиновска во својата последна колумна Агентот Тесла ќе лета за Вашингтон како личен багаж на Бејли.
„Затоа мојот интерес сега е насочен кон големата бежанија на „локалото особље“ на американската амбасада кое брои некои петсто и кусур човеци. Kого ли ќе го качат во хеликоптери за да го извлечат надвор од македонската народна правда, а да ги скријат американските валкани работи, се прашувам. Агентот Силвер? Не. Верушевски не им е од важност. Му доаѓа нешто како Рамбо, потрошна стока, абена повеќепати во неколку македонски „кризи“ и затоа веќе крајно дискредитирана. Овој Зоки што ни спремаше украинско крваво сценарио остана без заштитен чадор со кој се фалеше. Евентуално ако го спасува соросоидна Италија, во што се сомнеам по компромитацијата на италијанскиот амбасадор и италијанската разузнавачка служба или Велика Британија под чиј чадор Верушот стоеше. Невестите на полициските функционери? Јок, бе. Трите мојри на СЈО? Чуму им се уште една Бијонсе и Ленчето со Фатиме. Обвинителки, судијки и адвокатки не можат да бидат. А има суфицит за да бидат специјалки во барови. Што корист би имале пак од Заев, Фрле, Геро, Сашо Ордановски, Ацика Kабрам, Џабир, Насер, Жижи или Борјан и Ива на амриканска почва. Да ги збогатат своите соросоидни колекции со балкански кловнови? Нема шанси“, пишува Велиновска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.