| четврток, 6 декември 2018 |

Вечерва официјално потврдено: Покренато обвиниение против Бејли за активностите во Македонија

vonredni-vesti-2

Конзервативна невладина организација Џудишал Воч поднесе тужба против американскиот амбасадор Џес Бејли, пред судот во Вашингтон за делувањето во Македонија. Тужбата следува откако се појавија сомнежи за незаконско финансирање и политички активности во рамки на фондацијата на Џорџ Сорос, Отворено општетство во Македонија.

Наводно, оваа фондација примила 5 милиони американски долари од УСАИД во периодот од 2012 до 2016 година.

Тужбата беше поднесена во окружниот суд во Колумбија откако Стејт Департментот и УСАИД не одговорија на барањето за пристап до информации од јавен карактер, што се однесуваат на извештаи и договори за дистрибуција на финансиите кои од Стејт Департментот биле префрлени на сметка на фондацијата Отворено Општесттво.

Брањето вклучуваше и инфрмации за контакти помеѓу официјални лица од Стејт Департментот и вработени во фондацијата Отворено Општество во Македонија, како и информации за вмешаноста и контактите што ги остварил Американскиот амбасадор во земјава Џес Бејли со организациите.

На веб страната на УСАИД стои дека во периодот од февруари 2012, до крајот на август 2016, оваа оргазниација префрлила речиси 5 милиони долари на сметката на фондацијата Отворено општество во Македонија, во партнерство со четири локални невладини организации.

Страната на УСАИД нуди директен линк до фондацијата на Сорос и вели дека во проектот биле обучени стотици млади лица на правото на слобода на здружување, граѓански иницијативи, аргументација и користење на медиумите.

Да се преиспитаат активностите на амбасадорот Бејли и УСАИД неодамна побараа и шестмина конгресмени, меѓу кои и Сенаторотн Мајк Ли кој испрати писмо до Бејли со барање да ја објасни врската помеѓу Стејт Департментот и Фондацијата Отворено Општстетво.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top