| четврток, 6 декември 2018 |

Двојните принципи на меѓународната заедница

Ко­га Ма­ке­до­ни­ја е пред­мет на ко­мен­та­ри во све­тот, осо­бе­но ко­га по­ра­ки­те за нас во кра­ток вре­мен­ски пер­и­од до­а­ѓа­ат од ме­ста ка­ко се­ди­ште­то на НА­ТО, Бе­ла­та ку­ќа, Европ­ска­та ко­ми­си­ја или Мос­ква, тоа нај­че­сто не е до­бар сиг­нал. Ва­кви по­ра­ки имав­ме во 1991 го­ди­на ко­га по­сто­е­ше опас­ност од ин­тер­вен­ци­ја на ЈНА во Ма­ке­до­ни­ја, во 1999 го­ди­на за вре­ме на ко­сов­ска­та кри­за, во 2001 го­ди­на за вре­ме на ма­ке­дон­ски­от конф­ликт. Нај­че­сто ко­га ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца ре­а­ги­ра ко­ор­ди­ни­ра­но за Ма­ке­до­ни­ја, тоа не е до­бра вест. Те­ми­те ка­ко стран­ски ин­ве­сти­ции, на­ма­лу­ва­ње на не­вра­бо­те­но­ста или не­ко­ја ли­ста на еко­ном­ски ре­фор­ма­то­ри на Свет­ска­та бан­ка не се ин­те­ре­си за Бри­сел, Ва­шин­гтон или за Мос­ква. Тоа зна­чи де­ка и се­га на по­ра­ки­те што ги до­би Ма­ке­до­ни­ја не мо­же да се гле­да ка­ко на по­зи­тив­на по­ја­ва, ту­ку ка­ко на при­чи­на за за­гри­же­ност

 

goran-momiroski-kol-90x115

Колумнист: Горан Момироски

Ни­кој не мо­же да твр­ди де­ка ге­не­рал­ни­от се­кре­тар на НА­ТО, Јенс Стол­тен­берг, и евро­ко­ме­са­рот за про­ши­ру­ва­ње и за до­бро­со­седс­тво, Јо­ха­нес Хан, а уште по­мал­ку Стејт де­парт­мен­тот на САД, има­ат не­ка­кви ло­ши на­ме­ри кон Ма­ке­до­ни­ја. По­ра­ки­те што за не­кол­ку де­на дој­доа од си­те овие на­ве­де­ни цен­три има­ат иста со­др­жи­на: пар­ти­и­те да ги по­чи­ту­ва­ат де­мо­крат­ски­те про­це­си и ин­сти­ту­ции во од­нос на фор­ми­ра­ње­то но­ва вла­да. Од фор­ма­лен ас­пект сѐ е ле­ги­тим­но. И НА­ТО, и ЕУ, и САД има­ат пра­во ка­ко парт­не­ри на Ма­ке­до­ни­ја, кои на­ви­сти­на се за­гри­же­ни, да да­дат сво­ја су­ге­сти­ја ко­ја со по­тен­ци­ра­ње­то на ре­фор­ми­те спо­ред спи­со­кот на При­бе ќе би­де ко­рис­на за си­те гра­ѓа­ни и за си­те по­ли­тич­ки пар­тии. Ду­ри не се во пра­во ни­ту тие што ве­лат де­ка НА­ТО не­ма пра­во да ни ка­жу­ва што да пра­ви­ме за­тоа што не сме неј­зи­на член­ка. Ше­фот на али­јан­са­та Стол­тен­берг, кој пред да ста­не ге­не­ра­лен се­кре­тар јав­но ве­ле­ше де­ка Ма­ке­до­ни­ја е во пра­во во конф­ли­ктот за Гр­ци­ја, а по­доц­на се пре­мис­ли и за­ста­на на стра­на­та на Ати­на, има пра­во да ка­же што мис­ли за ма­ке­дон­ски­те проб­ле­ми за­тоа што ка­ко зем­ја-кан­ди­дат тре­ба да ги одр­жу­ва ис­пол­не­ти­те кри­те­ри­у­ми за членс­тво на ви­со­ко де­мо­крат­ски ни­во.

Единс­тве­ни­от проб­лем со си­те по­ра­ки што ги до­би­ва­ме де­но­ви­ве е не­по­чи­ту­ва­ње­то на стан­дар­ди­те или двој­ни­те прин­ци­пи на од­не­су­ва­ње на на­ши­те парт­не­ри. Ду­ри и сим­па­ти­ја­та на стран­ци­те кон вто­ра­та по си­ла пар­ти­ја во Ма­ке­до­ни­ја не е спор­на, во све­тот на по­ли­ти­ка­та си­те из­би­ра­ат сим­па­тии спо­ред ин­те­ре­си­те и тие сме­та­ат де­ка со За­ев и со СДСМ ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца по­лес­но ќе ги ос­тва­ри сво­и­те стра­те­ги­ски ин­те­ре­си во Ма­ке­до­ни­ја. Зна­е­ме си­те што ни се слу­чи во 2005 го­ди­на ко­га ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца за­ста­на цвр­сто со слич­ни по­ра­ки до Ма­ке­до­ни­ја, ко­ја по на­лог на СДСМ го сме­ни те­ри­то­ри­јал­ни­от ин­те­гри­тет на зем­ја­та и со ве­штач­ко спо­ју­ва­ње на сел­ски и ур­ба­ни сре­ди­ни во Стру­га и во Ки­че­во ја про­ме­ни и ет­нич­ка­та, и по­ли­тич­ка­та, а на долг рок и де­мо­граф­ска­та кар­та на Ма­ке­до­ни­ја. Зна­е­ме што се слу­чи и во 1999 го­ди­на ко­га од Ма­ке­до­ни­ја се ба­ра­ше да згри­жи по­ве­ќе од 360 ил­ја­ди бе­гал­ци од Ко­со­во иа­ко не бе­ше спо­соб­на да ги згри­жи ни сопс­тве­ни­те гра­ѓа­ни. Ма­ке­до­ни­ја то­гаш, се­пак, смог­на си­ли, ја по­ка­жа сво­ја­та ху­ма­ност, а тие што ѝ упа­ту­ваа по­ра­ки за под­др­шка и за бр­зо членс­тво во НА­ТО на­ско­ро ги сне­ма. Ду­ри со по­мош на не­кои ме­ѓу­на­род­ни ме­ди­у­ми Ма­ке­до­ни­ја из­ле­зе ви­нов­на за ло­ши­от трет­ман на ко­сов­ски­те Ал­бан­ци. За­тоа по­ра­ки­те што при­стиг­ну­ваа од све­тот не мо­жат да се сфа­тат ка­ко до­бро­на­мер­ни, ло­гич­но е чо­век да се за­пра­ша што стои зад из­вор­но очиг­лед­на­та ко­ор­ди­на­ци­ја во ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца, ко­ја ве­ли де­ка СДСМ и ДУИ тре­ба да ја фор­ми­ра­ат вла­да­та. Тоа што За­ев и Ах­ме­ти ка­ко вто­ра и тре­та нај­сил­на пар­ти­ја тре­ба да фор­ми­ра­ат вла­да не е спор­но иа­ко ма­ке­дон­ски­от Устав не го за­бра­ну­ва тоа, но пред да ги да­дат сво­и­те из­ја­ви во вр­ска со ова, од стран­ци­те оче­ку­ва­ме да ги прес­ме­та­ат си­те про­це­си што се од­ви­ва­ат па­ра­лел­но со фор­мал­ни­те слу­чу­ва­ња. Си­те што ни се обра­ќа­ат мо­ра да ги прес­ме­та­ат и гне­вот и раз­о­ча­ра­но­ста од сѐ уште уста­во­твор­ни­от ма­ке­дон­ски на­род, кој ба­рем на хар­ти­ја тре­ба да се сог­ла­си со си­те слу­чу­ва­ња во зем­ја­та, осо­бе­но ако нај­го­лем дел од тој на­род има свој по­ли­тич­ки ре­пре­зент кој на из­бо­ри до­бил ман­дат за ре­ша­ва­ње на клуч­ни­те пра­ша­ња.

Не мо­ра ни­ту НА­ТО, ни­ту ЕУ, ни­ту САД да ни об­јас­ну­ва­ат зо­што не ис­пра­ти­ја по­ра­ки за по­бр­зо фор­ми­ра­ње вла­да ко­га пре­го­ва­раа ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, не мо­ра­ат да ни об­јас­ну­ва­ат ни­ту зо­што не са­ка­ат но­ви из­бо­ри ка­ко што би се слу­чи­ло ако во зем­ји­те- член­ки на НА­ТО и на ЕУ има кри­за ка­ко на­ша­та. Ни­ту, пак, тре­ба да оче­ку­ва­ме де­ка не­кој над­вор ќе па­ти по­ра­ди на­ши­те ма­ки и кри­зи или фру­стра­ции што не­ма­ме кон­тро­ла над сво­ја­та др­жа­ва, за ко­ја пад­на­ле сто­ти­ци ил­ја­ди жр­тви.

Она што го оче­ку­ва­ме од на­ши­те при­ја­те­ли е да ги по­чи­ту­ва­ат сопс­тве­ни­те прин­ци­пи на од­не­су­ва­ње, од­нос­но да не­ма­ат двој­ни стан­дар­ди ко­га го пра­кти­ку­ва­ат сво­е­то при­ја­телс­тво со Ма­ке­до­ни­ја. Да вни­ма­ва­ат да не го на­вре­дат ма­ке­дон­ски­от на­род за­тоа што, са­ка­ле или не, не­ма да мо­жат да ја до­би­јат Ма­ке­до­ни­ја во сво­и­те ре­до­ви ако таа, од­нос­но неј­зи­ни­от на­род, ста­не член­ка на НА­ТО и на ЕУ без иден­ти­тет.

На­ши­те при­ја­те­ли не мо­жат да за­бо­ра­ват де­ка пред де­сет го­ди­ни беа глав­ни­те по­кро­ви­те­ли на прин­ци­пот спо­ред кој по­бед­ни­кот кај Ма­ке­дон­ци­те и по­бед­ни­кот кај ма­ке­дон­ски­те Ал­бан­ци тре­ба да кре­и­ра­ат вла­да. Тие се­га мо­жат да твр­дат де­ка тоа би­ло автен­тич­на од­лу­ка на пар­ти­и­те ин­во­ли­ви­ра­ни во про­це­сот иа­ко ни­кој нор­ма­лен не мо­же да го ка­же тоа за­тоа што има прем­но­гу до­ка­зи де­ка ток­му стран­ци­те на­ло­жи­ја та­ква вла­да со цел да се спре­чат но­ви тен­зии во ал­бан­ски­от блок. Но, то­гаш се отво­ра пра­ша­ње­то зо­што се­га не ги оста­ви­ја пар­ти­и­те по­втор­но са­ми да се до­го­ва­ра­ат за тоа ка­ква вла­да тре­ба да има­ат гра­ѓа­ни­те. А, јас­но е де­ка и оваа но­ва вла­да, кој и да ѝ е по­кро­ви­тел кој и да ја со­ста­ву­ва, не мо­же да до­не­се ста­бил­ност ако не ги за­до­во­ли ин­те­ре­си­те на нај­го­ле­ми­от по­ли­тич­ки суб­јект. А ток­му за тоа збо­ру­ва­ме си­те, и Ма­ке­дон­ци, и Ал­бан­ци, и ЕУ, и НА­ТО.

Дру­го ин­те­рес­но пра­ша­ње е зо­што исти­те овие цен­три на моќ не ка­жаа ни збор за ал­бан­ска­та пла­тфор­ма, ко­ја е ди­ре­ктен атак врз иу­ни­тар­но­ста и ин­те­гри­те­тот на Ма­ке­до­ни­ја. Пре­мол­чеа си­те и ко­ри­стеј­ќи ја фра­за­та „не е во фо­ку­сот на ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца“ по­мис­ли­ја де­ка ма­ке­дон­ски­от на­род не ја раз­би­ра игра­та во ко­ја мо­же да има са­мо еден по­ра­зен. Ток­му ма­ке­дон­ски­от на­род.

 

Што ни по­ра­чаа стран­ци­те јав­но, а што ме­ѓу ре­до­ви?

„Се сог­ла­су­ва­ме со ста­во­ви­те на ге­не­рал­ни­от се­кре­тар на НА­ТО, Јенс Стол­тен­берг, и на евро­ко­ме­са­рот за про­ши­ру­ва­ње и за до­бро­со­седс­тво, Јо­ха­нес Хан, за фор­ми­ра­ње­то вла­да. Си­те пар­тии тре­ба да ги по­чи­ту­ва­ат де­мо­крат­ски­те про­це­си и ин­сти­ту­ции и да се фо­ку­си­ра­ат на нив­на­та за­ед­нич­ка за­лож­ба – да се спро­ве­дат клуч­ни­те ре­фор­ми. Са­мо на тој на­чин Ма­ке­до­ни­ја ќе на­пред­ну­ва во сво­и­те стра­те­ги­ски це­ли за членс­тво во НА­ТО и во Европ­ска­та уни­ја, не­што што САД одам­на го под­др­жу­ва­ат. Тоа е во сог­лас­ност со на­ши­те прет­ход­ни из­ја­ви и со из­ја­ва­та на ам­ба­са­до­рот Џес Беј­ли да­де­на во ин­терв­ју­то за „Си­тел“ на 18 фе­вру­а­ри“, ве­лат од Ам­ба­са­да­та на САД. Ше­фот на НА­ТО, Јенс Стол­тен­берг, прет­ход­но из­ја­ви де­ка оче­ку­ва да се до­де­ли ман­да­тот за фор­ми­ра­ње вла­да и ги по­ви­ка си­те стра­ни на воз­др­жа­ност во из­ја­ви­те и во дејс­тва­та и да до­не­су­ва­ат од­лу­ки во ко­рист на гра­ѓа­ни­те. Евро­ко­ме­са­рот Јо­ха­нес Хан, пак, ре­че де­ка оче­ку­ва пре­тсе­да­те­лот да го да­де ман­да­тот за фор­ми­ра­ње но­ва вла­да и до­да­де де­ка про­ме­ни­те во де­мо­крат­ски­те оп­штес­тва се при­род­ни и тре­ба да би­дат спро­ве­де­ни ко­га се ре­зул­тат на ве­ро­до­стој­ни из­бо­ри.

Со дру­ги збо­ро­ви, стран­ци­те ни по­ра­чаа де­ка ако е ВМРО-ДПМНЕ во вла­да­та, ќе не­ма ре­фор­ми иа­ко за тоа ни­кој не збо­ру­ва по­ра­ди пла­тфор­ма­та на ал­бан­ски­те пар­тии и пред сѐ де­ка са­мо со СДСМ и со ДУИ е мож­но приб­ли­жу­ва­ње до ЕУ и до НА­ТО. Се раз­би­ра де­ка ов­де ак­цен­тот, кој не мо­же да се ви­ди со обич­но око, е де­ка со ВМРО-ДПМНЕ во вла­да­та не е мож­на про­ме­на на име­то ка­ко клу­чен пре­дус­лов за евро­ат­лан­ска ин­те­гра­ци­ја. Што е тоа што го зна­ат НА­ТО и ЕУ, а не го зна­е­ме ние за ко­а­ли­ци­ја­та ме­ѓу СДСМ и ДУИ? И зо­што тол­ку мно­гу се при­ти­ска во тој пра­вец над­вор од Ма­ке­до­ни­ја ќе доз­на­е­ме на­ско­ро за­тоа што ни­ед­на ра­бо­та не оста­ну­ва веч­но скри­е­на ни­ту во жи­во­тот ни­ту во по­ли­ти­ка­та.

(Текст објавен во 235. број на неделникот Република, 3.03.2017)

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top