| четврток, 6 декември 2018 |

За Македонија се работи, а тоа најдобро го знаат прилепчани

Жителите на Прилеп и вечерва во огромен број излегоа на улиците и одново ја поддржаа иницијативата „За заедничка Македонија”.

17321542_10210685411562912_889245520_n

Прилепчани обединети под црвено-жолтата боја маршираа за зачувување на вековните државни симболи, за зачувување на посебноста на Македонците, за една Македонија, но и за Македонија во која нема да се гази врз честа и достоинството на Македонците.

17321767_10210685406242779_1838147564_n

Веќе трета недела траат мирните масовни протести, а граѓаните се помасовно излегуваат на истите и се ставаат во одбрана на татковината.

17351262_10210685407722816_881719395_n

Вечерва пред граѓаните се обрати легендарниот актер, писател и македонист Благоја Ивчески. Неговите силни пораки за зачувување на мајчиниот јазик допреа до секое срце и предизвикаа вистинска еуфорија кај прилепчани.

17352968_10210685409922871_622954002_n

– Ние не треба само да се прокламираме како Македонци, треба да дејствуваме како Македонци – истакна Ивчески.

17350971_10210685405642764_1501168959_n

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top