Жителите на Прилеп и вечерва во огромен број излегоа на улиците и одново ја поддржаа иницијативата „За заедничка Македонија”.

Прилепчани обединети под црвено-жолтата боја маршираа за зачувување на вековните државни симболи, за зачувување на посебноста на Македонците, за една Македонија, но и за Македонија во која нема да се гази врз честа и достоинството на Македонците.

Веќе трета недела траат мирните масовни протести, а граѓаните се помасовно излегуваат на истите и се ставаат во одбрана на татковината.

Вечерва пред граѓаните се обрати легендарниот актер, писател и македонист Благоја Ивчески. Неговите силни пораки за зачувување на мајчиниот јазик допреа до секое срце и предизвикаа вистинска еуфорија кај прилепчани.

– Ние не треба само да се прокламираме како Македонци, треба да дејствуваме како Македонци – истакна Ивчески.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


