| четврток, 6 декември 2018 |

Кавадарци ќе го субвенционира подобрувањето на енергетската ефикасност во станбени згради

kavadarci

Општина Кавадарци објави јавен повик за прибирање барања за остварување на правото за реконструкција на станбени згради за подобрување на енергетската ефикасност во колективното домување во општината, информираат од кавадаречката локална самоуправа.

– Проектот опфаќа поддршка во поставување на термоизолациски фасади и покривни конструкции на станбените згради за колективно домување во насока на подобрување на животниот стандард на семејствата со ниски примања кои живеат во згради за колективно домување, како и за подобрување на енергетската ефикасност и заштеда на енергијата, нагласија од општината.

Оттаму појаснија дека средствата во висина од 25 отсто од вкупниот износ за секоја одобрена апликација, ќе бидат доделени во форма на субвенција од страна на општината. Средствата за овој повик за сите апликации, изнесуваат еден милион денари и ќе се обезбедат од буџетот на општина Кавадарци.

Проектот е во соработка со Здружението за хумано домување „Хабитат Македонија“, кое работи во склоп на Американската агенција за меѓународен развој УСАИД, при што на станарите од избраните згради им се нудат поволни кредити на седумгодишна исплата, со 5 проценти камата. Субвенцијата од општината се доделува во форма на грант директно на Хабитат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top