Општина Кавадарци објави јавен повик за прибирање барања за остварување на правото за реконструкција на станбени згради за подобрување на енергетската ефикасност во колективното домување во општината, информираат од кавадаречката локална самоуправа.
– Проектот опфаќа поддршка во поставување на термоизолациски фасади и покривни конструкции на станбените згради за колективно домување во насока на подобрување на животниот стандард на семејствата со ниски примања кои живеат во згради за колективно домување, како и за подобрување на енергетската ефикасност и заштеда на енергијата, нагласија од општината.
Оттаму појаснија дека средствата во висина од 25 отсто од вкупниот износ за секоја одобрена апликација, ќе бидат доделени во форма на субвенција од страна на општината. Средствата за овој повик за сите апликации, изнесуваат еден милион денари и ќе се обезбедат од буџетот на општина Кавадарци.
Проектот е во соработка со Здружението за хумано домување „Хабитат Македонија“, кое работи во склоп на Американската агенција за меѓународен развој УСАИД, при што на станарите од избраните згради им се нудат поволни кредити на седумгодишна исплата, со 5 проценти камата. Субвенцијата од општината се доделува во форма на грант директно на Хабитат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Митко Јанчев: Јас слушам „Металика“, не беше мој избор да пее Цеца во Кавадарци
-
Зоран Заев во Кавадарци: Грозјето не е од татко ми или дедо ми, мора да се цени трудот на лозарите
-
Кавадарци ќе добие унифицирани такси возила
-
Македонија ќе победи: Мисајловски, Јанушев и Трајановски го придружуваа Мицкоски на чело на поворката во Кавадарци (фото)