| четврток, 6 декември 2018 |

Протестен марш во Гевгелија за поддршка на иницијативата „За заедничка Македонија“

Гевгеличани и вечерва маршираа по улиците во централниот дел на градот давајќи со тоа поддршка на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.

– Апелирам до сите гевгеличани, политичари и сите граѓани на оваа држава да се откажат и да ја осудат тиранската платформа со цел да се обезбеди мир, спокој и соживот во оваа земја. Особено ги повикувам лидерите на сите политички партии да потпишат заедничка декларација за јавна осуда на антимакедонската, односно албанската платформа за разнебитување на Македонија, рече Филип Данински во име на учесниците на вечерашниот марш.

Воедно, гевгеличани упатија повик до пратениците да бојкотираат секаква дебата во Парламентот и ги повикаа сите на соживот во заедничка и унитарна Македонија.

Организаторите најавја дека ќе се протестира се до исполнување на барањата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top