| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ се мачеше, но се пласираше во третото коло на Индијан Велс

novak djokovic

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во третото коло од првиот мастерс-турнир сезонава во Индијан Велс откако слаеше против Британецот Кајл Едмунд со 6-4,7-6(5).

Ѓоковиќ со мака ја продолжи серијата победи во Калифорнија каде што триумфираше во претходните три сезони. Вториот светски тенисер воопшто не блескаше, играше со доста осцилации против 46. тенисер во светот, но на крајот успеа да слави.

Во следната рунда натпревари Ѓоковиќ ќе се соочи со Аргентинецот Хуан Мартин дел Порто, кого неодамна го совлада во Акапулко. Дел Потро беше подобар од Федерико Делбонис со 7-6(5), 6-3.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top