Издавачката куќа „Персеј“ од Софија го објави на бугарски јазик романот „Дваесет и првиот“ од Томислав Османли преведен од Маријан Петров.
Овој софиски издавач, основан во 2004 година, е фокусиран на објавување современи скандинавски, руски и бугарски автори, како и на дела од светската класика, а во последно време е заинтересиран и за дела од македонски автори. Преводот е овозможен од Министерството за култура на Македонија преку фондот за поддршка на преводи во странство.
„Дваесет и првиот“ досега е објавен во Хрватска, Црна Гора, Србија, Русија, Египет и има интернационално издание на англиски јазик за меѓународниот 12. Саем на книгата во Солун во 2015 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Поезија од Јовица Тасевски Етернијан објавена на српски јазик
-
„Прозарт Медиа“ објави дела од врвни аргентински автори: „Разузнавачки извештаи“ и „Свињите“ на македонски јазик
-
Туристите збунети, Грците се изгубија во преводот на таблите (Фото)
-
Објавена збирката раскази „Тајното братство на носталгичарите“ од Томислав Османли