| четврток, 6 декември 2018 |

Роденденски подарок за Илија: Несторовски го носи македонското сонце на капитенската лента

ilija nestorovski

Убедливо најдобриот фудбалер и прв стрелец на Палермо сезонава, македонскиот репрезентативец Илија Несторовски ја има капитенската лента на дуелот против Рома. Несторовски денеска полни 27 години и како подарок, од тренерот ја доби честа да биде капитен на дуелот со „римската волчица“ кој започна во 20.45 часот.

На капитенската лента, покрај бројот 30 кој Несторовски го носи на својот дрес, има и мала слика од црвено-жолтото македонско сонце. Нашиот напаѓач уште на почетокот на натпреварот постигна гол од мртов агол, кој за жал беше поништен заради офсајд позиција. Да се надеваме дека до крајот на мечот популарниот Несто-гол ќе успее да ја затресе мрежата на Рома.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top