За криминалните зделки кои се спроведуваат во општина Струмица, а со амин на градоначалникот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, медиумите досега многупати пишуваа, а за некои од нив јавното обвинителство води и истражни дејствија.
Истрага за изборен криминал, злоупотреби на Заев и неговата администрација на законот за легализација на дивоградбите за случајот „Цареви Кули“, како и јавното обелоденување за скандалозно криминалните тендери на јавното претпријатие „Струмица гас“, кои Заев му ги давал на неговиот сопартиец, Митко Андреевски, инаку претседател на комисијата за енергетика на СДСМ, се само дел од аферите.
-Информации до кој дојде Нетпрес откриваат уште еден голем финансиски скандал во општина Струмица. Нашите извори велат дека органите на прогонот откриле нови коруптивни зделки направени од одговорни лица во Општината. Со овие ,,бизниси” незаконски биле „испумпани“ десетици илјади евра буџетски пари на сметки на фирми блиски до локалните функционери на СДСМ, пишува Нетпрес.
Според порталот, станува збор за околу 4-5 јавни набавки, за асфалтирање на улици во струмичкото село Дабиле.
-Имено, нашите неофицијални информации велат дека наводно при асфалтирање на неколку улици во селото, место за цела улица, се одело дел по дел за да не се распишува тендер. Поточно, се правела јавна набавка до 5.000 евра, што пак е спротивно на Законот за јавни набавки, пишува Нетпрес.
За овие зделки, органите на прогонот обезбедиле документација од општина Струмица и од фирмата „Дикор ЦД“, изведувач на градежните работи, чиј сопственик е синот на поранешната пратеничка на СДСМ, Цветанка Ивановска.
По барање на Основното јавно обвинителство, извршени биле проверки во УФР и во ЦРМ за трансфер на средствата, како и за промени во сопственичката структура.
Обвинителството веќе покренало истрага за овој случај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.