Дарко Чурлинов, младинскиот репрезентативец на Македонија, даде нов гол во младинското првенство во Германија, откако се запиша во листата на стрелците против големата Борусија Дортмунд.
„Јарците“ одиграа 1-1 (0-1) против големиот фаворит, а до бодот дојдоа со изедначување. Тимот кој е во врвот на табелата во јуниорската лига и воедно ја има една од најдобрите академии поведе прв, но Чурлинов успеа да погоди во 57. минута од мечот, за конечни 1-1.
За Чурлинов, кој важи за голема иднина на македонскиот фудбал, ова е трет гол во дресот на германски Келн, по оние против Дизелдорф.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Заврши заложничката драма во Келн: Осомничениот е повреден
-
Дибиров стрелец на најубавиот гол на Ф4 турнирот на СЕХА (видео)
-
„Жолтиот ѕид“ никогаш не изгледал потажно: Германците уште еднаш порачаа, понеделник не е ден за фудбал (фото)
-
Две лица загинати од петарди и неколку случаи на сексуално вознемирување е билансот од новогодишната ноќ во Германија