| четврток, 6 декември 2018 |

Дарко Јаневски: Ова ли е премудрата стратегија на СДСМ, покажете го документот што го испративте во ДУИ

darko-janevski-640x341

Потегот на Иванов со мандатот ги стави во небрано. Kако СДСМ и Заев, така и нивните ментори. И, ете, седнале и смислиле детска игра – нема платформа, нема Еди Рама, нема ништо. Имало само владина програма која е невина, која не менува ништо значајно и поради која нема зошто да се тревожите. Тоа што било до вчера – двојазичност, најавената во Швајцарија кантонизација, амблеми, банкноти, промена на името за наводен влез во НАТО и ЕУ – ништо од тоа не важи. Не постои. Kако? Ете така. Kако да сме деца. Немојте да плачете, еве ви струмичко лижавче и молчете, пишува Дарко Јаневски во колумната „Умните наспроти глупавите“ објавена во „Дневник“.

Ова ли е премудрата стратегија на СДСМ и менторите? Со вакви ли несериозни работи ќе си играме? Демек, ќе го притиснете Иванов да ви го даде мандатот оти во програмата немало ништо спорно. Бог да чува. Па нели СДСМ прати писмени материјали за платформата до ДУИ и албанските партии? До истите тие што се сликаа со Еди Рама. И нели на база на тие материјали е договорено коалирање меѓу СДСМ и партиите на Албанците. Е, каде се тие материјали, каде е договорот постигнат врз основа на нив? Тоа објавете го, а не да се глупирате со некакви си владини програми. Условот од Водно ви беше јасен: со платформата ја загрозувате сувереноста на државата. Значи, дајте прво да го видиме договорот врз основа на таа платформа, потоа дајте Али Ахмети, Зијадин Села и Бесим Kасами, заедно со Зоран Заев, јавно пред два милиона жители да се откажат од тој договор и од платформата. А Еди Рама да се обрати до шоку Иванов и да најде форма во која ќе се извини за мешањето во внатрешните работи на РМ, па потоа, господо, решавајте ги правните проблеми со претседателот Иванов за пропуштените рокови за доделување мандат, кои исто така создаваат сериозен проблем. Вака само испраќате порака до тие што се не согласуваат со платформата дека ги сметате за глупаци што ќе ги преведете жедни преку вода. Умните наспроти глупавите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top