| четврток, 6 декември 2018 |

Вашингтон ја креираше „Македонската пролет“: Идејата за Голема Албанија е американско оружје за рушење на Македонија

 

За да го пресече во корен се поголемото влијание и интереси на Москва на Балканот, Вашингтон ја креираше „Македонската пролет“. Идејата за Голема Албанија е американското оружје за потпалување и предизвикување на криза – и платформа со која ќе го управува. А, „светото правило“ е дека Албанците никогаш нема да делуваат без американската армија, пишува главниот уредник на хрватстскиот сајт „Дневно“.

Ви го пренесуваме неговиот текст:

Политичката криза во Македонија станува се подлабока и неминовно го наметнува испитувањето на почетокот на почетокот, можеби не на нова војна на Балканот, но дефинитивно на почеток на силна криза која би можела да прерасне во вооружен меѓуетнички конфликт и да доведе до распад на таа мала држава, која поради желбата да стане членка на Европската унија и на НАТО сојузот, беше изложена на невидено понижување со ритам оркестриран од американските интереси и односите на Вашингтон и Москва. Дали навистина е на дело американското разбивање на Македонија „во пет чекори“, за да се пресечат руските интереси и зголеменото влијание на Москва на Балканот?

Фактот е дека кревката почитичка ситуација во Македонија, која од потпишувањето ан Охридскиот договор кој е воден по американска палка во состојба на перманентна политичка криза, ексалираше со дестабилизација од пред три години, кога пропаднатиот гасовод Јужен тек, поточно исклучувањето на Бугарија од тој витален руски плински правец, на геополитичката сцена со сериозни црти почна идејата за Турскиот тек и неговото можно поминување низ Македонија.

Директорот на „Газпром“ Алексеј Милер и турскиот министер за енергетика тогаш потпишаа договор за проектот и изјавија дека гасоводот ќе биде оперативен на крајот на минатата година, што за американската администрација беше знак за aларм и што побрзо делување. Јавно, во медиумите, е изјавено дека Вашингтон мора да делува брзо и да ја спречи Грција да потпише договор со „Газпром“ за Турскиот тек. Вашингтон одма ја повика грчката влада да ја забрза реализацијата на „Трансјадранскиот гасовод“, со кој во Европа ќе пристига плин од Азербејџан. Истовремено, Русија и нуди три милијарди долари на Грција за почеток на имплментација на проектот на „Газпром“ – Турскиот тек.

razruseni-kuci-vo-kumanovo-6

Турски тек и операција Куманово

Со притисоците на Грција се зајакнуваа протестите против премиерот Груевски и неговата влада во Скопје, а „непознати вооружени групи“, најпрво околу Кичево, па околу Липково, се појавуваат на самиот ден на најавата за реализација на Турскиот тек, за сѐда ексалира со вооружените судири во Куманово. Сосема сигурно е дека ЦИА и западните разузнавачки служби стојат позади кумановската операција – упадот на Албанците од Косово на територијата на Македонија. Неверојанто звучи вистинскиот податок дека во текот на конфликтот на македонската почиција со терористите, амбасадорите на САД, Велика Британија, Германија, Франција и Италија вршеа силен притисок врз македонската влада операцијата веднаш да се запри и да се овозможи непречено заминување на терористите на Косово.

Во тој поглед посебно е интересен односот на американскиот амбасадор во Македонија, Џес Бејли и убиените терористи, кој е подкрепен со снимки. Бејли го наследи Пол Волерс, а во седиштето на НАТО премолчеа многу важен детањ, а тоа е врската на еден од припадниците на терористичката група со поранешниот американски амбасадор во Скопје, Пол Волерс.

Фадил Фејзулахи, за кој косовските медиуми тврдеа дека бил убиен во акцијата во Куманово, е еден од водачите на Ослободителната војска на Косово (ОВК) и фотографиран е во друштво на поранешниот американски амбасадор на Македонија Пол Волерс. Фејзулахи фотографијата ја постави на својот профил на „Фејсбук“, после што се појавија контрадикторни информации дека тој е ранет, но не и мртов.

Груевски се надеваше на Запад, но наиде на ѕид

Било како било, надвор од секое сомневање е дека конфликтите во Македонија беа внимателно планирани, финансирани и водени цели од стратешнките интереси на трансатланската елита, која одлучи да го „докрајчи“ младиот и разочаран од Запад, премиер Груевски. Куманово му беше само предупредување за тоа што ќе се случи ако се сврти кон Москва.

Груевски со добра намера, уште кон крајот на 2014 и почетокот на 2015 година, побара помош од 17 западни држави, но наиде на ѕид. Во меѓувреме, Турција ја интензивираше својата соработка со Иран на подрачјето на енергетиката и идејата за руско-турската плинска алтернатива почна уште повеќе да зајакнува. И Никола Груевски, некогаш голем надевач во Западот, конечно сфаќајќи што се случува, ја поддржа таа идеја и не сакаше да биде заговарач во санкциите против Русија. И повеќе од очигледно е дека Американците му ги дадоа снимките на тајно снимените разговори на главниот политички противник на премиерот, младиот социјалист, а всушност комунист, Зоран Заев. Тој нив ги пушти во јавност и се останато е познато.

„Македонската пролет“ е креирана. Се сеќавам дека во декември пишував како Кочо Данај, албански политичар и лидер на Листата за природна (голема) Албанија, во тој момент ја истакнува клучната теза дека „верува дека странците, поточно меѓународната заедница, би поддржале било какво решение кое Албанците би го одбрале за себе“, и бара поголем ангажман на албанските политичари, не само од Тирана и Приштина, туку и од Скопје и Улцињ, за „Груевски да биде запрен“. Тоа значи дека идејата за Голема Албанија е само американско оружје за потпалување и создавање на криза – и платформата која ќе управува со него. Во тој контекс треба да се знае едно „свето правило“, а тоа е дека Албанците никогаш, ама никогаш, нема да делуваат на никој начин без американската армија. Токму тоа му дава слобода на потпалувачкиот говор за големоалбанската идеологија. Било каква сериозна реакција од Западот на тие зборови нема да има. Она што го предвидовме во текстот, после изборите навистина и се случи.

kol233-nm-zaev-albanci-1

Груевски – голем трн во окото на Сорос

Трансатланската елите изигра со асот, кој секогаш го има во ракавот – албанскиот сојуз. Неспорното партнерство со САД, ја донесе албанската политика на прагот на остварувањето на историскиот сон – обединување на албанските национални територии.

Голема Албанија би била секока американска марионета со која Вашингтон конечно би ја затворил балканската празнина во стратешкиот распоред на САД и на Запад, и целосно би ја оневозможил реализацијата на руските интереси. Груевски не успеа да собери доволно потписи за да формира парламентарно мнозинство. Една од највлијателните американски невладини организации „Judicial Watch“ за тоа го прозва американскиот амбасадор во Скопје Џес Бејли, дека за  отстранувањето од власта на ВМРО-ДПМНЕ  и премиерот Груевски, потрошил милиони со помош на Стејт департментот, УСАИД и останатите структури на Џорџ Сорос. „Judicial Watch“ констатира дека Груевски е посебен трн во окото на Сорос, со оглед на тоа дека беше клучна алка во запирањето на соросовите проекти во неконтролираната миграција од Блискиот исток во Европа. Власта во Македонија несомнено ја красат корупција, непотизам и самоволие. Прашањето е само која е полоша.

Заев многу пооопасен од Груевски

Дефинитивно е многу полоша социјалдемократската опозиција која ја предводи Заев. Тој е нов, но многу поопасен пиун. Очигледно е дека е и многу понеинтелигентен oд сегашниот лидер на ВМРО. Тој, понесен од снимените разговори кои му ги дадоа Американците, со тоа го започна своето инсталирање за да стане главен протагонист на опасното сценарио за распад на Македонија.

Верувајќи дека под американско покровителство со потписите на албанските партии ќе дојде до власт, Заев како пијан за стап се држи и го прифати  договорот за Албаснката платформа која беше смислена под покровителство на Еди Рама. Договорот Заев- Рама дефинитивно е е преседан во новата историја на Македонија, но и во Европа, а истовреме е и преседан за кој сите молчат.

kol235-prendzov-ivanov-1

Иванов контра Рама, Заев, САД и ЕУ

Формирањето на таканаречената „Платформа од Тирана“ на значи ништо друго туку отворено мешање на Рама во внатрешните работи на Македонија. Тоа на некој начин го потврдува и неговата изјава во која исткна дека платформата е „историски чекор“. Во првичната намера ги спречи претседателот Иванов кој храбро одби да му го даде мандатот на Заев и покрај тоа што токму за тоа да се случи лобираа и Могерини и Хан, а Американците ведна направија медиумиска хистерија и покрај тоа што Уставот предвидува чување на територијалниот интегритет и суверенитет кои ги загрозуваат пописниците на платформата и нивниот коалиционен партнер, Заев. Таа реакција на Иванов е особено важна во светот за надеж за опстанов на Македонија како држава и на Македонците како политички народ.

Заев ја одби понудата на Груевски, кризата породолжува

За да го спречи прифаќањето на албанската платформа, Груевски на Заев му понуди коалиција во која лидерот на СДСМ ќе биде премиер, само да се откаже од коалицијата со потписниците на платформата, што за Македонија може да биде погубно. Заев, како и секој пиун, тоа го одби, а лидерот на Беса повика на мешународна интервенција. Повлекувајќи паралела и анализирајќи го патот кој Македонија ја доведе до статусот на глобална лабораторија, новинарката Мирка Велиновска одлично констатира: Истата работа ја направивме со атентатот на Киро Глигоров во 1995 и потпишувањето на Привремениот договор. 1998 го признавме Тајван а 99та македонија државна територија беше регистрирана како Европска Унија и го прифативме режирањето на паничниот бегалски бран од Косово во договор со Пантагон и CNN за време на инвазијата на ОВК која пак беше основана од ЦИА и Пантагон што го призна и самото политичко водство на Косово, Македонија се согласи на ваков криминален договор. По потпишувањето, веднаш таканаречената „Меѓународна кризна група“ која го предложи името на државата паралелно со легализацијата на нива уставни промени, направи невидилив премин од двојна во тројна формула. Потоа следеше авионската „несреќа“ на ТРајковски и неуспешниот референдум во 2004.

Заради промената на власта во 2006 годинапо изборите во 2008, 2011 и 2014 година опозицијата секогаш се обидуваше да направи криза и тоа со три неуспешни обоени револуции. Последната во низата беше преку „бобашката афера“ на Заев која му помогнаа неговите америкснаки „пријатели“, студентските пленуми  и најважно соросовите експерти и одредени новинари. Сето тоа се одвиваше во недвосмислена потпора од амеиканските претставници, РУ и Велика Британија, како и Франција и OESS.

Од сето ова може да се заклучи само една работа, Македонија останува на точка на вриење.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top