Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно со умерен до засилен ветер од северен правец. Ветерот наместа ќе достигнува брзина од околу 80 км/час. Локално се уште ќе има услови за слаб дожд, а на планините снег.
Утринската температура ќе се движи од еден до осум, а дневната од осум до 14 степени.
Во Скопје слично време, повремено облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до седум, а дневната ќе се искачи до 11 степени.
Од понеделник се очекува стабилно време со умерен северен ветер. Утринските температури во почетокот на наредната недела на места ќе бидат негативни.
Во овие вечерни часови веќе е започнат продорот на постуден воздух со што дува умерен до засилен, веќе на некои места до силен ветер од северен правец кој во Пегалонија веќе достигнува брзина од околу 50 км/час.
Продорот на овој постуден воздух од север условува на планините да има врнежи од снег со што на Попова Шапка и Маврово оваа вечер има поинтензивни снежни врнежи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.