| четврток, 6 декември 2018 |

Земјоделец се удавил пиејќи вода

vir

Педесет и шестгодишен светиниколчанец се удавил вчера сакајќи да се напие вода околниот речен вир.

 Станува збор за Злате Н. кој откако работел на својата нива заедно со сопругата одејќи накај дома тргнал да се напие вода од вирот. Сопругата си продолжила по патот, но откако забележала дека него подолго време го нема, отишла да го бара. Напомош и се приклучиле и неколкумина соседи. Кога стигнале кај водата тие го забележале безживотното тело на несреќниот Злате.Полицијата утврдила дека причина за смртта е давење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top