Кога Мурат Карлеоглу (30), земјоделец од турската провиниција Ајдин, се враќа од нивата, цело село знае за тоа. Имено, тој потрошил 7.000 турски лири (приближно 1.800 евра) за најсовремено музичко озвучување кое го вградил во својот трактор.
Селанецот е главна атракција на нивата, каде што малку веселба никогаш не пречи никому.
Тракторот модел „Маси Фергусон 266-Ге” и претходно имал доста солиден стереосистем, но ексцентричниот фармер не бил задоволен од „количината” децибели коишто тој ги произведува, па затоа решил да го надгради со звучници со поголема моќност, грамаден субвуфер, поддржан од уште помоќни засилувачи.
Интересот на медиумите го натера Мурат да подразмисли и за бизнис можностите, кои му ги отвора популарноста. Тој во една прилика изјави дека има идеја да го издава својот трактор под наем, за свадби и други свечености.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Голф“ удри во трактор кај Неготино – едно лице итно пренесено на скопските клиники
-
Трактор во кој имало четири деца тргнал сам по удолнина, едно дете (10) загина на место
-
Ги фатиле со крадени дрва, па удриле по полицајците и им се заканувале дека ќе ги убијат
-
Двајца повредени во сообраќајка меѓу трактор и автомобил кај Делчево