| четврток, 6 декември 2018 |

Ова е идентитетот на штипјанецот кој се удави во Индискиот Океан – Ангел бил поранешен припадник на АРМ

angel

Mладиот штипјанец Ангел бил дел од екипажот на брод на корејска компанија, кој го обезбедувал од пирати, објави Канал 5. Од Министерството за надворешни работи го потврдија случајот, но се уште нема информации како настапила смртта.

Ангел А. е починатиот Македонец, граѓанин на Штип, бивш припадник на вооружените сили на АРМ.

Во мошне штурата потврда за трагичната вест, што доцна попладнево пристигна во МНР, испратена од корејската компанија ХГС Кореа, на чиј брод наменет за превоз на стоки, се случила несреќата, стои дека во водите на Индискиот Океан во близина на брегот на Шри Ланка, починал нивни вработен, еден од неколкуте Македонци, кои биле работно ангажирани за обезбедување на бродот од таканаречените морски пирати.

 

angel-1

Повеќе детали од МНР најавиле до крајот на денов или во текот на утрешниот, во зависност од тоа како ќе пристигнуваат информациите од споменатата компанија сопственик на бродот превозник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top