Во чест на сите бранители од oпштина Прилеп кои несебично застанаа на браникот на татковината Локалната самоуправа со одлука на Советот на општина Прилеп ќе постави ново футуристичко спомен обележје кое ќе го носи името „Прилепски бранители“.
На овој урбанистички потфат претходеше градежна интервенција на вкрстувањето од булеварот „Гоце Делчев” и улицата „Димо Наредникот” со изградба на кружнен тек чија цел е олеснување на сообраќајот.
Името е избрано поради значајното учество на прилепските бранители и паднатите жртви во конфликтот во 2001 година.
Споменикот ќе биде челична конструкција со височина од 15 метри. Неговата впечатливост ќе доаѓа до израз со специјално осветлување кое на временски интервали ќе ја променува бојата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



