| четврток, 6 декември 2018 |

Паника на аеродромот во Дизелдорф: Евакуирани осум илјади лица поради бомба од Втората светска војна

Околу осум илјади жители на зоната покрај аеродромот во Дизелдорф, вклучувајќи и 250 гости на аеродромскиот хотел, изутринава добија наредба за евакуација поради деактивирање американска бомба, тешка 500 килограми, фрлена за време на Втората светска војна, пишува весникот „Рајнише пост“.

Бомбата беше откриена од градежни работници. Евакуирани ќе бидат жителите во радиус од еден километар од местото на кое е пронајдена бомбата.

За време на активностите за деактивирање регионот ќе биде затворен за движење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top