| четврток, 6 декември 2018 |

Прилепски мажи тепале жени

nasilstvo

Во два одвоени случаи, МВР известува, за сеемјно насилство во кои два прилепски сопрузи си ги претепале сопругите.

Во првиот случај полициската станица во Прилеп поднеле кривична пријава против С.В (30) од Прилеп,  за сторено кривично дело телесна повреда при семејно насилство.

Пријавениот на 28 април годинава во неговиот дом по претходна  расправија со неговата сопруга Е.В (28), физички ја нападнал пред нивното малолетно дете, нанесувајќи и повреди во пределот на главата.

Исто така пријава е поденсена против С.К(45) од Прилеп,  за  кривично дело телесна повреда при семејно насилство.

Тој на 15 април годинава во заедничката куќа со неговата поранешна сопруга Н.К, по кратка расправија физички ја нападнал, нанесувајќи и повреди во пределот на вратот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top