Актуелниот англиски шампион, Лестер сити, по неуспешната потрага за наследник на Раниери, одлучи да му даде шанса на неговиот досегашен помошник, Крег Шекспир до крајот на сезоната.
Помошникот на Клаудио Раниери ги доби двата натпревари по отказот на искусниот Италијанец и тоа со идентичен резултат од 3-1. Минатиот понеделник, екипата на Лестер го совлада Ливерпул, а овој викенд освои нови три бода против Хал.
По овие два позитивни резултати, раководството на клубот одлучи да му даде шанса на Шекспир, иако кај поранешниот асистент недостасува искуство. Тоа е најголемата причина за грижи кај многумина, но со оглед на тоа дека нема уште многу време до крај на сезоната, во Лестер сметаат дека ова засега е најдоброто решение.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
И официјално: Реал Мадрид го „шутна“ Хулен Лопетеги!
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Го прогласија за мртов, тој преку „Твитер“ демантираше
-
Неверојатно: Селекторот на „сомбрероси“ на натпреварот ја донел и жената и љубовницата