Наместо бесплатна осмомартовска прослава организирана во Гевгелија, како што им било ветено на членките на СДСМ, вчера кога стигнале во Гевгелија сватиле дека се излажани и дека се донесени да аплаудираат на говорот на Зоран Заев, пишува Журнал.нет.
Револтирани и разочарани од односот на партиското раководство, членките на СДСМ кои вчера беа присутни во Гевгелија отворено негодуваат и коментираат дека овој срамен и перфиден потег на раководството е доказ дека не можат да си ја препознаат својата матична партија во која со години работат и дека наместо почит и вистина во партијата владее лага и негрижа.
-Наместо да ни укажат чест и да ни честитаат за работата во последната кампања тие се решија да не лажат како да сме мали деца. Најавено ни беше дека партијата ни организира бесплатна осмомартовска прослава но наместо прослава искочи дека сме донесени жени од сите општински организации да аплаудираме на митинг и да го пополниме шеталиштето во Гевгелија. Наседнав на лагата и ги донесов со мене и моите пријателки и сосетки кои кога видоа дека станува збор за лага ме замолија уште еднаш да не им го правам ова. Искочи дека јас нив ги лажам… Се срамам од овој однос на мојата партија и од овие финти што ни ги прават – вели револтирана долгогодишна членка на СДСМ од Карпош.
Уште поголем е револтот на вработените во локалните институции во општините каде на власт е СДСМ кои информираат дека добиле задолжение од директорите дека секоја вработена наставничка треба да донесе уште 5 свои пријателки и сосетки за најавената огромна прослава по повод 8ми март.
-Се зачудев уште кога ни побараа по 5 пријателки да донесеме и се смеевме со претседателката дека исто како што не тераа да правиме за изборите не тераат и сега како да има избори. Но на крај памет не ни падна дека не лажат. Ги убедив другарките и братучетка ми да дојдат и кај директорот пријавив 5 имиња. Но кога стигнавме во Гевгелија се шокирав и се осеќав излажано и изманипулирано. Директорот ми се правдаше дека немал поим што било а претседателот на општинската вечерта ми рече дека морало така да се покаже народ и дека не требало лошо да го сваќаме ова. Па има ли полошо од тоа да си ги лажеш најлојалните поддржувачи ? – со нервоза објаснува наставничка од Куманово која додава дека уште еднаш никогаш нема да иде веќе на партиски собири.
Револтот од оваа најнова лага на Заев и компанија кон своето партиско членство бил огромен. Повеќе претседателки јавно изреагирале дека ова било срам за партијата и дека за ова не се бореле. Ако ние меѓу нас се лажеме тогаш како ќе можеме да ги погледнеме нашите поддржувачки, наместо вистина од нашите добивме уште една лага, на овој начин не се гради доверба коментирале револтираните претседателки кои биле исмејувани од донесените членки и поддржувачки на СДСМ.
Овие информации од членките на СДСМ уште еднаш потврдуваат дека на лудориите на Заев им нема крај и дека си го лаже бессрамно и своето партиско членство за негова лична корист. Се погласни се коментарите во СДСМ дека со овој пристап и начин на работа на Заев и неговите послушници се повеќе луѓе се одвраќаат од СДСМ и дека наместо зголемување на членството и поддржувачите партијата од ден на ден се повеќе ја губи поддршката
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.