Заев во последното интервју за Хрватската национална ТВ, се обиде да поттури дека единствена причина зошто не го добил мандатот од Претседателот било тоа што според претседателот платформата била потпишана во Тирана. Притоа, неговото прескокнување на вистината продолжува со тоа што вели дека тоа не било точно.
-Декларацијата е составена овде во Македонија , тоа е дел од нивните предизборни програми. Но, се видоа во Албанија за да можат сите политички партии од албанскиот блок да седнат на едно место.
Хрватскиот новинар, веројатно не беше волен да навлегува во дебата зошто албанските лидери не седнале во Македонија „на едно место“? Што тоа ги спречувало да седнат тука? Кои делови од нивните изборни програми се сега Платформа? Зарем на Заев не му е спорно тоа што по етничка линија и со чисто етничка иредентистичка пплатформа се условува формирањето на влада? Зарен не му пречеше картата на голема Албанија над менторот и потписниците на платформата во Тирана? Зарем не е ова дури и удар по неговата наводна „борба за слобода и демократија“ ? Како тоа Заев сега го амнестира ДУИ кои ги обвинуваа во двегодишните протести за „тендерска партија“; и низа други прашања.

Но, ниту пак го соочи со лагата демантирана дури и од нивниот коалициски партнер за „редефинирање “ на државата, движењето БЕСА.
Токму раководството на БЕСА потврди дека платформата е од Тирана, дури за тоа му напишаа и на албанскиот премиер Рама. Велат дека се почнало од Владата на Албанија, која лани во декември, ги собра лидерите на албанските партии во Тирана.
„Движењето БЕСА го отфрлува ова тврдење и наведува дека се беше почнато од страна на Владата на Албанија, и поради оваа акција нема да прифатиме да седнеме и да разговараме со ДУИ, но може да се направи исклучок само во случај ако средбата биде посредувана од страна на премиерот Рама“, стои во писмото од БЕСА до Рама.
Албанските партии ја потпишаа албанската платформа во Тирана, во декември, а текстот во целост беше објавенa на Божиќ.
Заев притоа заборави да напомене сите точки од таа платформа која што Заев ја прифати во целост како владина програма со која го побара мандатот од Иванов, се косат со сувереноста и унитарноста на Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


