Патувачката изложба „Континуум“ на мултимедијалниот уметник од Сан Франциско со македонско потекло Игор Јосифов денеска ќе пристигне во Битола.
Изложбата ќе биде поставена во уметничката галерија „Магаза“ и ќе биде отворена до 11-ти март.
„Континуум“ е збирка од десетгодишната работа на Јосифов. Содржи уметнички филмови, дела изработени со рефлексија од оган и жив настап (перформанс).
Премиерното претставување на овој уникатен уметнички производ беше на 16 декември 2016 година во Младинскиот културен центар во Скопје. „Континуум“ доби патувачки карактер, вклучувајќи неколку градови во Македонија, односно во Скопје, Тетово, Кичево и во Битола. Во април 2017 година ќе отпатува за Чикаго и ќе биде изложена во „Defibrillator Performance Art Gallery“.
Изложбата во Битола ќе биде со музичка поддршка од диџејот Никола Илиевски кој настапува под уметничкото име „Роботникс“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.