Никола Тодоров, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, изјави дека на улиците на Македонија гледа мирно изразување на незадоволство, битка која на ниту еден начин не предизвикува штета, ниту, пак, се конфронтира со кој било друг.
– Претходно се уништуваа и демолираа државните институции и државниот имот, се креираше тензија и имаше напад на полицијата, а сега нема ништо од тоа, и од тој аспект, ова е еден многу демократски чин – изјави Тодоров во интервју на „ТВ Нова“ .
Тодоров е изненаден од изјавите со кои граѓаните што протестираат се нарекуваат фашисти.
-Ги направија фашисти сите оние што демократски го изразуваат своето несогласување со нешто, што е врв на демократското право, особено кога тие со ништо и никому не прават зло – истакна Тодоров.
Тој подвлече дека тоа е една многу опасна теза, која го покажува тоталитарниот начин на размислување на тие што ги дадле тие изјави.
Тодоров повика да се оградат од ваквите изјави и да се извинат за тешката и груба навреда кон граѓаните што изразуваат револт.
– Доколку не го направат тоа, тогаш ќе ја потврдат тезата дека имаат еден тоталитарен и крајно недемократски начин на размислување, а тоа сигурно и би го примениле доколку би владееле – посочи членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)