| четврток, 6 декември 2018 |

Тодоров: Ги направија фашисти оние што демократски го изразуваат своето несогласување, а тоа е врв на демократија

Претходно се уништуваа и демолираа државните институции и државниот имот, се креираше тензија и имаше напад на полиција, а сега нема ништо од тоа, и од тој аспект, ова е еден многу демократски чин - изјави во интервју на „ТВ Нова“ Тодоров

Никола Тодоров, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, изјави дека на улиците на Македонија гледа мирно изразување на незадоволство, битка која на ниту еден начин не предизвикува штета, ниту, пак, се конфронтира со кој било друг.

– Претходно се уништуваа и демолираа државните институции и државниот имот, се креираше тензија и имаше напад на полицијата, а сега нема ништо од тоа, и од тој аспект, ова е еден многу демократски чин – изјави Тодоров во интервју на „ТВ Нова“ .

Тодоров е изненаден од изјавите со кои граѓаните што протестираат се нарекуваат фашисти.

nikola-todorov-2

-Ги направија фашисти сите оние што демократски го изразуваат своето несогласување со нешто, што е врв на демократското право, особено кога тие со ништо и никому не прават зло – истакна Тодоров.

Тој подвлече дека тоа е една многу опасна теза, која го покажува тоталитарниот начин на размислување на тие што ги дадле тие изјави.

Тодоров повика да се оградат од ваквите изјави и да се извинат за тешката и груба навреда кон граѓаните што изразуваат револт.

– Доколку не го направат тоа, тогаш ќе ја потврдат тезата дека имаат еден тоталитарен и крајно недемократски начин на размислување, а тоа сигурно и би го примениле доколку би владееле – посочи членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top