| четврток, 6 декември 2018 |

Ник Кирјос го совлада Ѓоковиќ во четврт-финалето на турнирот на АТП во Акапулко

novak gjokovic

Некогашниот најдобар тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, продолжува да забележува слаби резултати во новата сезона откако утрово е елиминиран од Ник Кирјос од Австралија во четврт-финалето од турнирот на АТП во Акапулко.

17. тенисер одигра перфектен натпревар и во два сета го совлада големиот фаворит (7-6, 7-5), Во првиот сет и двата тенисери љубоморно го чуваа својот сервис и се премина во тај-брејк во кој посмирен беше Австралиецот и го доби со 11-9. Во вториот сет повторно гледаме изедначен тенис, но овој пат до 11. гем кога Кирјос го направи клучниот брејк и со мирен сервис со 7-5 славеше голема победа над Ѓоковиќ.

Во полуфиналето Кирјос ќе се сретне со Сем Квери, додека второто полуфинале го сочинуваат Рафаел Надал, кој синоќа славеше лесна победа над Нишикоја од 2-0 и Марин Чилиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top